X
 30.11.2018 Економија

Безос прв и на новата листа на „Форбс“ за најбогатите во светот

Листата на „Форбс“ со најбогати луѓе во светот ги ажурира најновите податоци за 2018 година, но и натаму на прво место е основачот на „Амазон“, Џеф Безос. Основачот на фирмата за онлајн-трговија во периодот од 2016 до 2017 година речиси го удвои богатството со над 100 милијарди долари. Имотот на Безос сега се проценува на 112 милијарди долари.

Веднаш зад него е Бил Гејтс, коосновач на софтверската компанија „Мајкрософт“, со проценето богатство од 90 милијарди долари.

На трето место е инвеститорот Ворен Бафет, чие богатство се проценува на 84 милијарди долари. Најголем дел од богатството му е од мнозинската сопственост над корперацијата „Беркшир Хетвеј“.

Фото: МИА

Претседателот на ЛВМХ (Louis Vuitton Moet Hennessy), Бернар Арно, е четвртиот најбогат човек во светот со 72 милијарди долари. Но тој се најде и на листата со најголеми губитници, бидејќи годинава богатството му се намали за 735 милиони долари.

На петто место е сè побогатиот Марк Закерберг, коосновач на најпопуларната социјална мрежа во светот „Фејсбук“, со богатство од 71 милијарда долари.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија