X
 30.11.2019 Живот

Koj ќе докаже дека неодамна раскинал, ќе добие бесплатно сместување во преубаво село

Наместо рамо за плачење за сите што неодамна останале сами, Британците нудат можност да освојат три дена бесплатно сместување во местото Котсволдс, кое британската влада го прогласи за подрачје со неверојатна убавина.

Котсволдс од 2006 година стана место препознатливо по романтичната комедија „Одмор“ во која Кејт Винслет ѝ го препушта својот дом на Камерон Дијаз. Едно од оние места што лесно може да станат мерна единица за шарм, па не е чудно што многу режисери го користат во своите филмови.

Ова доста фотогенично место и неколку околни села британската влада ги прогласи за подрачја со неверојатна природна убавина, кои изобилуваат со зелени долини покриени со снег, домашни животни, симпатични брегови, романтични села и дух на традицијата што раскажува приказна за недопрената природа среде Англија.

Компанијата „Индепендент Котаџес“ нуди дрвена колиба за одмор со камин во јануари, и поради тоа одржува натпревар инспириран од филмот со Кејт Винслет и Камерон Дијаз.

kukarka
Фото: Youtube


Победникот на натпреварот ќе освои сместување за три дена во Фартинг котеџ, куќарка што се наоѓа во Котсволдс.

Гостите ќе ги дочекаат и шише пијалак и чоколадо. „Фартинг котеџ“ се наоѓа близу местото Стоун он д ворлд, каде што можете да набавите леб, млеко и други работи за удобно сместување.

Единствениот услов за учество во натпреварот е кандидатите неодамна да раскинале со партнерот. За да се осигурат дека победникот е некој на кој му е потребен простор каде што ќе може да закрепне од раскинувањето, натпреварувачите мора да ја споделат нивната приказна за тоа како раскинале.

Престојот ќе биде од 13 до 16 декември, а натпреварот ќе биде затворен на 2 декември. Натпреварот нема да ги покрие трошоците за патување.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот