X
 30.11.2021 Образование

Во вториот круг 9.562 студенти ќе добијат субвенциониран оброк, а 545 се одбиени

Во тек е генерирање и испорака на решенија преку порталот е-услуги на 9.562 студенти кои ги исполнија условите и го остварија правото на субвенциониран студентски оброк во рамките на вториот рок од повикот за аплицирање, соопштуваат од Министерството за образование. Процесот ќе биде заокружен денес. Вкупно 545 апликации се одбиени поради неисполнување на условите, додека 356 апликации подлежат на дополнителна проверка преку високообразовните установи околу статусот редовен студент на апликантите.

Во моментов, вкупниот број на студенти што го користат правото на субвенциониран студентски оброк е 27.234. МОН потсетува и дека до крајот на денешниот ден е отворена можноста да се аплицира за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк, за оние студенти што ги исполнуваат условите согласно законот, но не успеале да се пријават, или да го остварат ова право во првиот и во вториот рок. Оваа можност ќе биде достапна секој нареден месец и тоа од 20 до 30т, односно 31-ви во месецот.
 
Пријавувањето за субвенциониран студентски оброк е дигитализирано, односно се спроведува исклучиво електронски преку порталот https://e-uslugi.mon.gov.mk/ и многу едноставно, со прикачување два документи – пријава и изјава за точност на податоци и се наведуваат податоци за лична трансакциска сметка. 
 
 

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование