X
 30.11.2021 Живот

Започна кампањата за Европскиот зелен договор „ЕУ со ТЕБЕ“

Кампањата „ЕУ со ТЕБЕ“, која се фокусира на Европскиот зелен договор, започна вчера кога публиката имаше можност да го посети „Музејот на иднината“, кој беше поставен како потсетник што можеме да изгубиме во текот на нашиот животен век како резултат од климатските промени и уништувањето на животната средина.

Поставката не ги вклучува само суштинските ресурси на планетата, како што е чиста вода, чист воздух, пчелите, туку и локалните богатства, на пример, доматот „јабучар“ карактеристичен за Македонија и балканскиот рис. „Музејот на иднината“ може да го видите на страницата https://eugreendeal.mk/ и тој ќе патува низ градовите во Северна Македонија од 2022 година.

Амбасадорот Дејвид Гир, шеф на делегацијата на Европската Унија, рече дека „Зелениот договор“ ги вклучува сите и значи преземање сеопфатна реформа и создавање иницијативи што ќе привлечат зелени инвестиции - јавни или приватни. Се работи за трансформација на начинот на кој живееме, внатре во Европската Унија и во идните земји членки. ЕУ е тука да ве поддржи. Тој, исто така, упати на различните инструменти што се дадени на располагање од ЕУ, а кои ќе помогнат земјата и општините да се справат со предизвиците од климатските промени и да го подобрат животот на граѓаните.

Издвојуваме

Живот