X
 30.12.2018 Наука

Социо-економскиот статус игра клучна улога во развојот на мозокот

Социо-економскиот статус на детето игра поголема улога во развојот на мозокот отколку што очекувате.

Нова студија открива нови информации за мозокот на децата. Резултатите покажуваат дека има поврзаност меѓу социо-економскиот статус и анатомијата на детскиот мозок, поточно во големината и површината на деловите од мозокот кои опфаќаат когнитивни функции.

Според студијата, има и области од мозкот кои ја покажуваат врската помеѓу социо-економскиот статус на децата и нивниот коефициент на интелигенција.

Таламусот и стриатиумот се два големи мозочни региони кои ја покажуваат оваа поврзаност. Според студијата, колку е повисок социо-економскиот статус на детето, толку е поголем волуменот на овие два дела од мозокот.

Но, како истражувачите дошле до овој заклучок?

Истражувачите се од американскиот Национален институт за ментално здравје. Тие анализирале скенови на мозоци од лица на возраст од 5 до 25 години.

Тимот ги споредил податоците со образованието и работата на родителите. Потоа тие го искористиле коефициентот на интелигенција на учесниците за да покажат дека навистина има поврзаност меѓу двете нешта.

Ова е клучен дел од социологијата што ќе им помогне на истражувачите во иднина да ги информираат луѓето за начините на кои можат да им помогнат на децата кога станува збор за развој на мозокот.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука