X
 30.12.2019 Живот

Астронаутот Кристина Кош го собори рекордот и стана првата жена што помина најдолго време во вселената

Кристина Кош влезе во историјата како жена што го спроведе најдолгиот вселенски лет. 

Таа поминала 289 последователни дена во вселената, соборувајќи го рекордот што го поставила Пеги Витсон, која се вратила на Земјата по 288 дена.

Во текот на долгото патување Кош веќе поставила и друг рекорд. Таа и нејзината колешка Џесика Меир ја спровеле првата вселенска прошетка направена од жени од Меѓународната вселенска станица во октомври.

До моментот кога ќе се врати, се очекува Кош да учествува во шест вселенски прошетки, како и да спроведе витално истражување додека се наоѓа на вселенската станица.

zena
Фото:

Но, таа нема да се врати уште некое време. Нејзиното враќање е закажано за февруари 2020 година, што значи дека ќе биде на Меѓународната вселенска станица 12 дена помалку од американскиот рекорд од 340 дена поставен од нејзиниот колега Скот Кели.

Пеги Витсон и понатаму останува да го држи рекордот за најдолго време поминато во вселената во текот на серија мисии, откако поминала речиси 666 дена оддалечена од Земјата, во текот на пет лета. Рекордот на сите времиња за еден вселенски лет е 438 дена, поставен од Валери Полијаков во 1995 година.

Кош се надева дека нејзините достигнувања ќе бидат инспирација за другите и се надева дека нејзиниот рекорд ќе биде соборен колку што е можно побрзо бидејќи човештвото се обидува да ги турне границите на вселената.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот