X
 30.12.2020 Живот

Дали повеќе ја зачувуваме природата со китење природна или вештачка елка?

Дали накитивте елка? Доколку одговорот е да, дали е пластична или природна?

Кога се купува елка, малкумина размислуваат за влијанието на нивниот избор врз природата. За некои, природните елки се подобар избор бидејќи целиот процес има емотивно значење и во него учествува целото семејство, а освен тоа, овие елки убаво мирисаат и се поубави. По празниците може да ја засадите природната елка во дворот.

Од друга страна, за некои луѓе најдобро е природните елки да останат онаму каде што се, односно во природата. Сечењето на дрвјата би престанало доколку луѓето престанат да купуваат природни елки за празниците. Освен тоа, многумина ги фрлаат природните елки по празниците.

Зошто вештачката елка е поштетна од природната?

Докторот Џон Казер од „Карбон траст“, агенција што се занимава со советување во врска со климатските промени и одржливоста, вели дека пластичните елки се прават од нафта и додава дека производството на пластичните дрвја влијае врз животната средина бидејќи притоа се испуштаат многу индустриски гасови.

Казер открива дека при производството на вештачка елка во висина од два метра се испуштаат двојно повеќе штетни гасови отколку преку фрлање на природното дрво во отпад, а дури и 10 пати повеќе од палењето на елката по празниците.


Фото: Pixabay

- Значи, доколку дома имате вештачка елка, ќе мора да ја користите барем 10 пати за нејзиното влијание врз животната средина да биде помало од влијанието на природното дрво - вели Казер.

Од „Србијашума“ за Би-би-си откриваат дека природата не трпи никаква штета поради бројот на новогодишни елки што се садат за таа намена. Тие велат дека за време на празниците во Србија се продаваат од 3.000 до 4.000 елки кои наменски се произведуваат.

Доколку се одлучите за природна елка, треба да знаете неколку работи за нејзино одржување. Меѓу другото, не треба да стои покрај радијатор, треба да се наводнува умерено (двапати неделно по малку) и да се чува во затворено најмногу 10 дена. По празниците засадете ја елката надвор.

Автор: Тијана Душеј Ристев
Извор: bbc.com
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот