X
 31.01.2017 Технологија

Најдобрите апликации за пораки

Истражувањето од веб-страницата „Андроид Централ“ открива дека најдобрата апликација за пораки и чатови е „Вацап“ и тоа без конкуренција.

Најдобра апликација за корисниците на „Гугл“

„Гугл хенгаутс“

Текст пораките, видео чат, групни чатови - сето тоа го нуди „Гугл Хенгаутс“. Дури и можете да ја искористите апликацијата за разговори со пријателите, семејството и колегите и за телефонски повици зо вашиот „Google Voice“ бој или да го преземете „Hangouts Dialer“ за бесплатно да се јавувате кога имате Wi-Fi.

Најдобра апликација за пораки


„Гугл месинџер“

Ако веќе сте корисник на „Гугл“, тогаш сигурно ќе сакате да останете со него кога станува збор за текстуални пораки. Оваа апликација ви овозможува да добивате СМС и ММС пораки, а поддржува и „Ар-си-ес“, аудио пораки, емот-икони, споделување на локација и архивирање на пораките.

Апликација што ја користат сите


„Фејсбук Месинџер“

fb
Фото: Screenshot

Сигурно имате голема листа на пријатели и семејство кои се достапни на „Фејсбук“. Можете да одржувате контакт со нив преку „Фејсбук месинџер“. Апликацијата поддржува пораки и од вашиот профил на „Фејсбук“ и од вашиот телефон. Доколку не сакате, не мора да ја користите СМС функцијата. Нуди стикери, и видео разговори како и аудио пораки, и споделување на локација. Дури можете и да разменувате пари.

Најдобра апликација генерално


„Вацап“

Речиси и не постои конкуренција за оваа апликација. Таа е апликација која нуди инклузивни пораки кои ви даваат многу опции за да останаете во контакт, без разлика каде се наоѓате во светот - единствено треба да имате безжична интернет конекција - без разлика дали тоа е интернет од телефонот или безжичен интернет. Можете да ја искористите за да испраќате и добивате пораки, видеа, документи и гласовни пораки.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија