X
 31.01.2017 Култура

Жан Пол Сартр: „Човекот е осуден на самиот себеси“

Жан Пол Сартр е еден од водечките филозофи на егзистенцијализмот. Роден е во 1905 година. Бил филозоф и книжевник, добитник на Нобеловата награда за книжевност. Во склад со својата филозофија за активитет, учествувал во протести против војната, дискриминацијата и диктатурата.

Тој самиот својата филозофија ја нарекол егзистенцијалистичка, во согласност со неговиот познат став дека егзистенцијата ѝ претходи на есенцијата. Човекот прво постои, па потоа се определува.

Во средиштето на егзистенцијализмот, кое се смета за  недетерминистичко гледиште, човекот е битие кое е осудено на слобода. Или накратко, секој човек е слободен самиот да одлучи каков човек ќе стане или ќе биде.

Егзистенцијата која е условена со слободата, се спротивставува на секој рационалистички поглед на светот. Личниот свет на фактите, на што инсистира науката или религискиот поглед на светот, претставуваат пречка за слободата. Зборовите кои Достоевски ги напишал во Браќа Карамазови, „дека сè ни е дозволено ако нема Бог“, Сартр ги смета за резултат на егзистенцијализмот.

Човекот, со оглед на тоа што е човек, не може, според Сартр, да биде обземен од страсти или илузии. Имено, тоа не е можно токму заради фактот дека човекот е осуден на самиот човек.

Во своето дело Егзистенцијализмот е хуманизам, Сартр пишува:

„Ако егзистенцијата ѝ претходи на есенцијата, никогаш ништо нема да може да се објаснува со доведување во врска со некој датум и зацврстената човекова природа; или поинаку кажано, нема детерминизам, човекот е слободен, човекот е слобода.“

Не постои стремеж кон знаење туку кон активитет со оглед дека суштината на животот сама по себе не може да се осознае.

Според Сартр, интелектуалецот мора да биде ангажиран, затоа што, не треба надеж за нешто да се преземе, туку треба да се дејствува.

„Човекот се ангажира во својот живот, го исцртува својот лик, а надвор од тоа не постои ништо.“

Егзистенцијалистичката филозофија која ја застапува Сартр, е обележана со атеистички хуманизам, активизмот како принцип и недетерминизмот. Во основа на сè се наоѓа човекот кој има личен избор.

Пеколот го прават другите луѓе, човекот секогаш се надминува себеси,  враќајќи се кон себе. Секој од нас, смета Сартр, има право на личен избор затоа што активитетот го одредува човекот како човек.

Сартр го отфрла субјективистичкиот идеализам во корист на, хегеловски кажано, битисувањето по себе, кое конечно може да се толкува како човек во сите димензии на страданијата и радостите. Затоа што човекот е, како што знаеме, единственото живо битие кое е свесно за својата свест и конечност.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура