X
 31.01.2023 Живот

Во Крива Паланка секој матурант ќе добие по 3.000 денари од Општината

Советот на Општина Крива Паланка ја усвои одлуката за доделување еднократна парична помош во висина од 3.000 денари на матурантите од средното општинско училиште „Ѓорче Петров“ од градот.

Одлуката се однесува на сите матуранти, со три и четиригодишно образование, во сите наставни програми, запишани во СОУ „Ѓорче Петров“ Крива Паланка во учебната 2022/2023 година.

Од локалната самоуправа на општината информираат дека потребните документи за аплицирање се наведени во барањето објавено на општинската веб-страница http://www.krivapalanka.gov.mk што заедно со пропишаните документи треба да се достави до архивата на Општина Крива Паланка или електронски преку апликацијата мЗаедница.

Ова е само една во низата мерки за поддршка на младите од градот што се воведуваат за првпат во буџетот на Општина Крива Паланка за 2023 година.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот