X
 31.01.2023 Економија

Зошто големите технолошки фирми отпуштаат многу вработени?

Минатата година технолошките компании низ светот отпуштиле над 70.000 луѓе. Во последниве денови најавени се дополнителни отпуштања од страна на технолошките гиганти.

Компаниите што отпуштија многу вработени, како „Мета“ и „Гугл“, се правдаат дека за време на пандемијата биле вработени многу луѓе бидејќи бил забележан драматичен раст бидејќи луѓето повеќе работеле онлајн. Овој раст не бил долготраен и затоа сега компаниите имаат премногу луѓе.

Меѓутоа, ниту една од овие компании не е на раб од банкрот и сите признале дека приходите им пораснале за време на пандемијата. Затоа, експертите претпоставуваат дека со отпуштањето се штедат пари.

Каква е штетата?

Од крајот на пандемијата, „Алфабет“ отпушти 12.000 луѓе, „Амазон“ 18.000, „Мета“ 11.000, „Твитер“ 4.000, „Мајкрософт“ 10.000, а „Сејлсфорс“ 8.000 луѓе. Имало отпуштања и во други фирми кои не се толку драматични. Овие отпуштања не ги вклучуваат оние кои се последица на намалување на услуги или престанок на одредена соработка.


Фото: Pixabay

Овие отпуштања не значат многу за потрошувачите, односно работата на производите и услугите и понатаму расте во овие компании.

Што значи тоа за индустријата?

Со оглед на тоа што има искусни технолошки експерти кои бараат работа, може да се очекува платите во индустријата да паднат. Ќе бидат потребни и поголемо искуство и образование за вработување.

Ова не се очекува да има големо влијание врз целокупната економија. За некои технолошки фирми, бројот на отпуштени лица е само мал дел од вкупната работна сила и тоа најчесто се нови вработени кои биле примени за време на пандемијата. Технолошките компании и понатаму се големи работодавци, а нивните производи и понатаму ќе се користат.

Извор: Geek
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија