X
 31.03.2020 Наука

Гејтс и Закерберг заедно во борба против пандемијата: финансираат истражувања за третмани на Ковид-19

Иницијативата наречена „Чан Закерберг“, филантропска организација која Марк Закерберг, и неговата сопруга Присила Чан ја почнале во 2015 година, во петокот објави дека донира 25 милиони долари за акцелератор на Бил Гејтс за развивање терапии и лекови за лекување на Ковид-19.

Придонесот од Закерберг и неговата сопруга доаѓа откако Фондацијата „Бил и Мелинда Гејтс“ го лансира „Терапевтскиот акцелератор“ во март. И „Мастеркард“ и фондацијата „Велком“ се партнери со Бил и Мелинда Гејтс како дел од иницијативата.

Целта на проектот е да се развијат прифатливи третмани за Ковид-19 што можат да бидат дистрибуирани. Акцелераторот ќе ги оцени новите и ќе ги реафирмира постојните лекови за третман на пациенти позитивни на Ковид-19. Истражувачите се надеваат дека истражувањето на акцелераторот ќе може да се користи и за борбата против другите вирусни патогени. Акцелераторот ќе работи и со Светската здравствена организација.

Оценувањето на постојните лекови е особено важно затоа што тие веќе поминале испитувања за клиничка безбедност, со што би можеле побрзо да станат достапни отколку ако се развива нова вакцина.

gejts
Фото: Screenshot/Youtube

Најавата е еден од неколкуте напори што ги прават технолошките гиганти од Силициумската долина во обид да помогнат во борбата против ширењето на коронавирусот.

„Амазон“ и „Мајкрософт“ придонесоа со фонд за помош од 2,5 милиона долари за распоредување ресурси на организации кои работат со заедници погодени од коронавирусот во област во Сиетл. И „Фејсбук“ почна програма вредна 100 милиони долари за да им помогне на малите бизниси погодени од пандемијата, а „Епл“ соопшти дека ќе донира 10 милиони заштитни маски во САД.

Извор: Business Insider
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука