X
 31.03.2022 Живот

Објавен конкурсот за запишување во средни училишта

Пријавувањето и запишувањето на учениците ќе се врши во еден уписен рок со три пријавувања во месец јуни.

Пријавувањето на учениците ќе се врши преку електронско аплицирање, преку линк до порталот за електронски услуги на Министерството за образование и наука https://e-uslugi.mon.gov.mk со специјална најава за средношколци преку сопствените кориснички сметки на Schools.mk.

Првото пријавување на учениците ќе се врши на 14 јуни до 24.00 часот и на 15 јуни 2022 година до 15:00 часот. Прелиминарната ранг-листа на запишани ученици се објавува на 16 јуни 2022 година на https://e-uslugi.mon.gov.mk и на интернет-страницата www.mon.gov.mk најдоцна до 9:00 часот.

Доставувањето на потребната документација до училиштата е на 16 јуни од 12.00 до 19.00 часот и на 17 јуни од 7.00 часот до 19.00 часот, согласно изготвен распоред од страна на училиштето.

Второто пријавување на учениците ќе се врши на 21 јуни до 24.00 часот и на 22 јуни 2022 година до 15:00 часот.

Третото пријавување на учениците ќе се врши на 28 јуни до 24.00 часот.

Целиот конкурс може да го разгледате тука.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот