X
 31.03.2022 Култура

Познат датумот на премиерата на „Куќата на змејот“

Сите љубители на серијата „Игра на тронови“ ќе може да ја гледаат новата серија ова лето. Ејч-би-о објави датум на премиерата на новата серија, која ќе биде наречена „Куќата на змејот“.

Серијата доаѓа на 21 август.



Ова е прва серија поврзана со „Игра на тронови“ која ќе биде објавена по завршувањето на популарната серија во 2019 година. Новата серија се заснова на книгата „Оган и крв“ на Џорџ Р. Р. Мартин, а приказната се одвива околу 200 години пред настаните во „Игра на тронови“, во време кога семејството Таргеријан владеело со Вестерос.

Првиот трејлер за новата серија беше објавен во октомври. Во првата сезона ќе има 10 епизоди.


Извор: Cnet
Насловна фотографија: Twitter
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура