X
 31.05.2017 Живот

Мобилниот во џеб, фиџет спинер во рака

Ако ѝ верувате на Википедија, фиџет спинер е вид на играчка која човек го ослободува од стрес (таканаречена stress-relieving toy), а основата ѝ е средишно лежиште околу која се вртат два или три пропелери. Човек едноставно со палецот и показалецот го држи средиштето и ги движи пропелерите, а децата веќе започнаа да организираат натпревари во кои победникот е оној чиј спинер подолго ќе ротира.

Физиката позади играчката

Физичарот Пол Дерти тврди дека него најновата играчка му е интересна поради науката позади големиот број вртежи.

„Овие играчки докажуваат колку се интересни топчестите лежишта кои редуцираат триење и овозможуваат слободна ротација подолго време“, објаснува Доерти.

Играчката може да биде направена од различни материјали - челик, бакар, пластика... Иако постои од 90-те години на минатиот век, оваа играчка стана популарна оваа пролет, воглавно меѓу учениците.

Дистракција или корист?


Продавачите често пати го нагласуваат терапевтскиот ефект, со објаснување дека на луѓето со АДХД (нарушување на вниманието), аутизам или луѓето со анксиозност може да им помогне полесно да се сконцентрираат и да го намалат стресот. Сепак, психолозите во оваа теорија и не се баш многу уверени.

„Користењето на ротирачка играчка е поголема дистракција отколку корист за индивидуалците кои патат од АДХД“, вели Марк Рапорт, клинички психолог на Универзитетот во Централна Флорида.

Неговото мислење го делат и други училишта, па така истражувањето спроведено на 200 училишта во Америка покажува дека 32% од нив го забраниле носењето на оваа играчка на училиште.

„Со оглед на тоа што станува збор за дистракција, повеќе не ги дозволуваме во училиштата. Ако ученикот ја донесе играчката на училиште, му ја одземаме или ја задржуваме во нас до крајот на часовите“, вели Џон Мекдоналд, помошник-директор на основното училиште Делано во Минесота.

Професорот Џоел Вестејмер не го дели негативното мислење за фиџет спинер, туку смета дека оваа играчка може позитивно да влијае врз вниманието на децата. Сепак, вели дека играчката не би требало да се користи за време на наставата.

„Очигледно треба да пронајдеме начин да ја направиме наставната програма поинтересна, за помалку ученици да имаат потреба да користат играчки како оваа“, вели тој.

Без разлика дали има терапевтска корист или не, едно е сигурно - голема корист од неа ќе имаат учениците ако им се објасни физиката позади нејзиното движење.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот