X
 31.05.2017 Образование

Низ што сѐ треба да поминете ако сте студент на Харвард?

Шанон Сатонори Литл е неодамнешен дипломец на Харвард, еден од најпрестижните универзитети во светот, и неговата успешна приказна е навистина инспиративна.

Кога Шанон бил во средно училиште, луѓето велеле дека нема да може да се запише на добар колеџ. Тој требало да се грижи за тројца помлади браќа, работел 150 часа за да купи лап топ и живеел без интернет во неговата куќа. Но, и покрај сѐ успеал од бургерите во Мекдоналдс да дипломира на Харвард и да ја раскаже неговата приказна на Фејсбук.

Тој вели „јас често се чувствував инфериорен заради мојот социо-економски статус. Без разлика која е личната пречка, немојте да се чувствувате на овој начин ако можете да си помогнете. Кренете ја главата, засукајте ги ракавите и работете напорно знаејќи дека секоја личност е вредна и заслужува шанса да стане оној кој што сака да биде“.

Шанон за брзо време по неговата објава инспирира многу корисници и на другите социјални мрежи.


Фото: Screenshot/Bored Panda
Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование