X
 31.05.2023 Живот

Интервју со Наташа Блажеска од IQ UP! Кичево: „Нема поголема мотивираност од тоа децата да сакаат да учат“

Средбата со Наташа Блажеска, франшизер на IQ UP! училишниот центар во Кичево, ни открива уникатен поглед во образованието на децата. Извонредна личност која ги спојува страста кон учењето и бизнисот, Наташа е дел од иновативниот образовен модел кој IQ UP! го нуди. Со фокус на СТЕМ-едукацијата, програмирање и литература, IQ UP! ги збогатува малите умови и ги подготвува за иднината. Во следните редови Наташа ни ги споделува нејзините искуства и визијата за образованието во Кичево.

Дали може да ни споделите што Ве мотивираше да отворите IQ UP! училиштен центар во Кичево? Како оваа одлука влијаеше врз вашиот личен и професионален развој?


- Одлуката да се отвори IQUP! училиштен центар доаѓа од идејата за подобрување на квалитетот на образованието и развојот на децата. Кога зборуваме за квалитетот на образованието, мора да прифатиме дека се потребни промени во ова што го имаме денес. Истражувајќи современи методи, системи, техники на образование кои даваат квалитет на долгорочен план, ги подготвуваат децата за предизвиците кои ги носи ова ново време, кои ги опфаќаат сите стилови на учење и ги задоволуваат интелектуалните потреби и интереси на децата, кои денес се опкружени со дигитални технологии, наидов на еден нов и современ образовен концепт IQUP! Едукативен образовен концепт кој ги следи најновите трендови и техники. И она што го прави уште поатрактивен е тоа што е дополнет со литература и програмирање. Сѐ што е потребно за едно комплетно квалитетно образование на 21 век.
Во светски рамки сѐ повеќе се препознава значењето на СТЕМ-образованието како долгорочна вредност и инвестиција во едукацијата на децата. Сето она што јас го барав се поклопи со можностите што ги нуди брендот. Чест и задоволство е да сум дел од IQ UP! Да ја имплементирам програмата во нашиот град и првпат децата од нашиот град да имаат можност да се едуцираат по најсовремен образовен систем. Задоволство е да се работи работа која ја сакаме, нѐ исполнува и ни овозможува постојано да се надградуваме, лично и професионално да се развиваме.



Кои се бенефициите за децата и родителите од учењето во IQ UP!?

- Учењето во IQUP! училишниот центар има многу бенефиции како за децата така и за нивните родители. Би издвоила дел од нив:
• Развивање креативни вештини; - Учењето СТЕАМ-предмети им овозможува на децата да се забавуваат додека учат и да создаваат нешто ново и позитивно. Ги поттикнува креативно да размислуваат и да бараат алтернативни начини за решавање на проблемите.
• Развивање емоционална интелигенција: Методологијата на IQUP! им помага на децата да изградат личност, да ги разберат своите емоции и да учат како да ги контролираат. Ова е многу важно за справување со различни ситуации со емотивен карактер.
• Развој на социјални вештини: децата ги стекнуваат преку вклучување во игра и активности во кои треба да комуницираат и да работат во група со други деца.
• Развој на критичко размислување: разгледување на проблемот и изнаоѓање соодветно решение.
• Зајакнување на самодовербата, развој на низа карактеристики, како позитивен став кон работите, одговорност, љубопитност, мотивираност, самостојно поставување цели и многу други.

Во целост IQUP! методологијата им помага на децата да ги развијат своите вештини, потенцијали, способности, лични карактеристики кои ги подготвуваат за успешен живот во иднина.

Сите родители го посакуваат најдоброто за своето дете, па зошто да не му овозможиме квалитетно образование за успешна иднина кога сето тоа ни е достапно. Родителите сѐ повеќе ја разбираат потребата од неформалното образование чија цел е поттикнување на детскиот развој и се дава предност на програми што нудат едукативни забавни активности.



Како IQ UP! во Кичево помага да се изградат мостови помеѓу различните предмети кои децата ги изучуваат во училиште, како што се науката, технологијата и уметноста?

- IQUP! програмите се уникатни, забавни, иновативни и приспособени според интелектуалните потреби на децата. Во програмите се вклучени теми од целокупното образование на децата, како наука, технологија, математика, уметност, инженерство...
СТЕАМ подразбира интегриран пристап на учење, мешавина од академски и технички вештини. Оваа методологија им овозможува на учениците да учат различни предмети на начин што ги поврзува со секојдневни ситуации и да научат како да ги користат знаењата и вештините од сите области за да ги решат проблемите. Пристапот е попрактичен менувајќи го традиционалниот начин на кој вообичаено се предава во овие области. Па така се карактеризира со практичен и мултидисциплинарен пристап дополнет со литература и програмирање. Така децата се директно инволвирани во процесот на учење, преку изработка на проекти, модели, експерименти, едукативни игри, со цел да стекнат искуство кое ќе остане запаметено во нивните глави. Методологијата на IQUP! им овозможува на учениците да се забавуваат додека учат. Па така, на пример, можат да создадат градби од картон, мостови, струјни кола и друго. Училниците се дизајнирани да изгледаат како забавни лаборатории, децата се чувствуваат среќно, исполнето, забавно – сведено на игра + учење + забава + мотивација.



Опишете некои од извонредните проекти или активности што ги имаат сработено децата во вашиот IQ UP! центар во Кичево?

- Децата во нашиот IQUP! училиштен центар имаат направено многу извонредни проекти. Секое дете е единствено, уникатно, свое, во она што го прави. Имаат толку многу уникатни идеи, замисли, одговори, прашања и умешност во извршување на зададените задачи, што сум фасцинирана и горда што ги имам во нашиот центар. Би издвоила изработка на модел на мозок, модел на срце, холограм, фонтана, креативни дигитални проекти...

Како Вие, како франшизер на IQ UP! во Кичево, работите за да го охрабрите личниот и интелектуалниот развој на секој ученик?

- Ги охрабруваме да истражуваат, да комуницираат, да мислат со своја глава, да ги откриеме потенцијалите и да го извлечеме максимумот од личните и интелектуалните вештини. Учениците добиваат поддршка што им е потребна за да ги надминат своите слабости и да ги развијат своите силни страни. Сите вештини и способности, таленти можат да бидат развиени со посветена работа и упорност. Се стремиме да понудиме креативна и привлечна средина каде што децата имаат можност да учат и да напредуваат. Активностите се насочени кон поттикнување на нивниот развој во процесот на учење. Важно е почитувањето на детската природа, нивните индивидуални потреби, социјабилност, љубопитност, комуникациски вештини, креативен и когнитивен потенцијал.



Кој е Вашиот најомилен дел од работниот ден во IQ UP! центарот во Кичево и зошто?

- Најомилениот дел од работата е за време на час со нашите IQUP гении. Секој час е предизвик. Часот со нив е исполнет, продуктивен, забавен, динамичен. Нема поубаво кога на час ги гледаш спремни за соработка, со нови предизвици, мотивирани, доследни, истрајни и умешни во извршувањето на задачите. Многу интелигентни прашања и исто толку креативни одговори. Паметни, уникатни, единствени, насмеани, среќни. Возбудата што ја доживуваат по успешен сработен проект, а уште повеќе кога прават експеримент. И ќе кажат: толку учителке!? – сакаме уште! – ние овде можеме цел ден да седиме! 
Нема поголема мотивираност од тоа децата да сакаат и да бараат да учат, да се задоволни и среќни. На нас останува несебично да се залагаме за подобро и квалитетно образование, за подобра иднина на нашите деца.

Што би им препорачале на родителите и децата од Вашиот град?

- Сите ние како родители се залагаме и го посакуваме најдоброто за нашите деца. Спремни да се соочиме и одговориме на предизвиците кои ги носи новото време.
Квалитетно општество во иднина не би било можно без денешен еквивалент во образованието. А идни граѓани ќе бидат нашите деца. Да донесеме важни одлуки поврзани со образованието, со нивниот личен раст и развој. Формирањето вештини почнува од многу рана возраст и е континуиран процес. IQUP! програмите што ги нудиме се уникатни, иновативни и забавни, приспособени на возраста и интелектуалните потреби на секое дете. Целта е да им дадеме знаења и вештини на децата кои ќе ги применуваат на долг рок, без разлика во која област подоцна ќе одлучат да се надградуваат. Во фокус на работата покрај квалитетно образование е и стимулативниот раст и развој на секое дете. Она што би му го препорачала на секој родител е: да слушнеме што имаат да кажат нашите деца, повеќе да комуницираме и да поминуваме време со нив, да ги прифатиме онакви какви што се, да им дадеме љубов, внимание, поддршка која им е од неизмерно значење. Покрај интелектуалниот развој, многу битен е и социо-емоционалниот развој. Децата имаат неограничен потенцијал. Да го поттикнеме. Децата се нашата иднина. За деца кои го менуваат светот.

(Комерцијална објава)
Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот