X
 31.05.2023 Живот

Рендген-снимки ќе се читаат и онлајн, најави министерот за здравство Фатмир Меџити

Рендген-снимки ќе се читаат и онлајн, најави денеска министерот за здравство Фатмир Меџити.

- Во одреден град ако има доктор што чита дневно еден рендген на една рака или нога, отсега нема да биде така, туку онлајн ќе бидат вклучени сите, ќе има ограничен број колку дневно треба да прочита за да си ја заработи платата, колку над тој број ќе чита дома ако сака поголеми финансиски примања со цел да не се чека толку долго - појасни министерот.

Тој нагласи дека работи напорно со целиот тим.

- Проблемот е во систематизацијата и во реорганизацијата. Имаме доволно кадар, и здравствени работници и сестри. Знаете дека ние прво треба да ја средиме примарната здравствена заштита, тука треба да направиме голем пресек. Ова не се прави за еден ден, ќе треба повеќе време, можеби и години, но мора да почнеме, треба да се работи на дигитализација на радиологијата низ држава, а тоа подразбира централизација на радиологијата, појасни министерот.

Извор: МИА

Издвојуваме

Живот