X
 31.07.2018 Образование

Дали можете да го решите овој тест од 1912 година?

Заборавете ги калкулаторите и интернетот, бидејќи некогаш постоеше период кога децата пресметуваа во нивните глави, наместо да користат технологија.

Музејот за култура во округот Булит во Кентаки откри прилично интересен тест што покажува како децата биле тестирани пред повеќе од еден век во САД.

Тестот дава увид во историјата на американското образование за учениците од осмо одделение. Тестот бил администриран од училиштата на овој округ и бил познат под името „Заеднички тест“.

Во оваа рурална област, добриот резултат на тестот значело средношколска стипендија. Тогаш средното образование било реткост, а овој тест бил единствениот начин на кој голем дел од децата кои живееле на фармите, можеле да се запишат во средно училиште.

Тестот покрива математика, географија, историја и филозофија, а прашањата сигурно не се лесни.  Видете дали можете да го решите.



Фотографии: Bullitt County
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование