X
 31.07.2019 Култура

Квентин Тарантино направи листа од омилените песни од неговите филмови

Филмската индустрија и филмските критичари со причина го ценат Квентин Тарантино. Многу актери прифаќаат да глумат во неговите филмови затоа што имаат статус на филмски класици.

Но, Тарантино не би бил Тарантино доколку не обрне внимание и на песните во неговите филмови. Неговиот беспрекорен вкус за музика е присутен во секој негов филм и Тарантино многу пати докажа дека е мајстор за музика.

Неодамна тој на дигиталниот музички сервис „Спотифај“ направи четиричасовна плејлиста од омилените песни што се појавиле во неговиот филм. На листата може да се најдат песни како „Бенг Бенг“ од „Убиј го Кил“, како и сите песни од неговиот најнов филм „Беше еднаш во Холивуд“.



Фото: Instagram
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура