X
 31.07.2019 Живот

Што не смеете да правите кога има невреме?

Во тек на само едно невреме едно место може да биде погодено и од неколку молњи, поради што е важно веднаш да ги заштитите сите уреди во вашиот дом, но пред сè, да се заштитите вие.

Ако вашето подрачје е погодено од бура, првото нешто кое треба да го направите е да го исклучите компјутерот или би можеле да загубите сè што имате во него. Молњите можат да предизвикаат непосреден удар во електричната мрежа, поради што може да ви прегори компјутерот. Дури и индиректен удар во близина на електричната инсталација може да испрати дополнителен напон во вашиот дом и да предизвика сериозни оштетувања на вашиот компјутер.

Но, не станува збор само за опасности поврзани со компјутерот, туку и со телевизорот, телефонот и сите останати електрични апарати. Освен што треба да исклучите сè од струја, еве уште неколку начини за заштита од бура.

Немојте да се капите

Водата е електроспроводник, а металните цевки можат да бидат погодени од молња, па капењето или туширањето додека надвор има невреме и не е баш најдобра идеја. Исто така, опасно е да се капите и во море.

Немојте да телефонирате

Високите напони можат да се праќаат и преку телефонска линија, а дури и мобилните можат да привлечат молњи, па подобро е да не се обидувате да фотографирате молња.

Заборавете на риболов

Голфот и риболовот се двете најопасни активности за време на бура бидејќи стаповите лесно може да дејствуваат како спроводници. Исто така и чадорите можат да привлечат молњи, па обидете се да не го отворате чадорот.

Не кријте се под стебла


Иако многу луѓе се кријат под стебло кога има невреме, тоа никако не е добра идеја бидејќи високите стебла привлекуваат удари од молњи. Подобро е да накиснете или да се сокриете под најмалото стебло.

Влезете во автомобил

Иако главно се од метал, автомобилите поради својот дизајн се безбедно засолниште кога има бури. Ако ги погоди молња, струјата низ металот ќе помине до земјата.

Фото: Freepik
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот