X
 31.07.2020 Образование

Онлајн-курсеви за човечкото тело и здравјето

Можеби мислите дека го познавате своето тело, но секогаш може да знаете повеќе. Некои од најдобрите универзитети низ светот имаат одлични онлајн-курсеви кои може да ви помогнат да го продлабочите разбирањето на вашето тело, а со тоа да се храните поздраво, да вежбате поефикасно и да останете поздрави. Дел од нив се бесплатни.

„Витални знаци: Разбирање на она што ни го кажува телото“ од Универзитетот во Пенсилванија

Овој бесплатен курс се фокусира на виталните знаци на телото како ритамот на срцето, температурата, крвниот притисок и други.

„Когнитивен фитнес“ од универзитет „Харвард“

Курсот чини 30 долари. Во него се учи како да се одржи мозокот во добра форма во текот на стареењето.


Фото: Freepik

„Науката на вежбањето“ од Универзитетот во Колорадо „Болдер“

Овој бесплатен курс се фокусира на вежбањето и во него се покажува како телото реагира на вежбањето на физиолошко ниво.

„Вовед во нервниот систем“ од универзитетот „Тафтс“

Курсот чини 50 долари. Секој кој е фасциниран од нервниот систем ќе ужива во курсот. Во него се учи за основите на нервниот систем.

„Вовед во физиологијата на човекот“ од универзитетот „Дјук“

Курсот е бесплатен, а во него се учи за човечката физиологија, поточно за деветте органски системи и начинот на кој тие функционираат.


Фото: Freepik

„Вовед во физиологијата на човекот“ од Универзитетот во Калифорнија „Беркли“

Курсот чини 1.085 долари, но тој е напреден курс за човечката физиологија. Ова е курс за оние кои сакаат да знаат сè за клетките, ткивата, органите и системите во телото.

„Анатомија и физиологија“ од универзитетот „Стенфорд“

Бесплатниот курс се фокусира на структурата и функциите во човековото тело.

„Како вашето тело ја преработува храната?“ од универзитетот „Тафтс“

Курсот чини 50 долари. Веројатно знаете нешто за начинот на кој телото ја вари храната, но во овој курс се појаснуваат сите процеси и проблеми со кои може да се соочуваат луѓето во преработката на храната.

Автор: Техрин Фирман
Извор: wellandgood.com
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование