X
 31.08.2018 Култура

Пристигна најновиот трејлер за „First Man“ - најголемиот фаворит за Оскар

„First Man“, филмот на Дамиен Чазел за Нил Армстронг, само што беше премиерно прикажан на Венецискиот филмски фестивал. Сега, во чест на премиерата, „Универзал“ го објави и вториот трејлер за филмот.

Додека првиот трејлер се фокусираше на НАСА и напнатото слетување на Месечината, новиот трејлер се фокусира на строгоста на Нил Армстронг и неговото семејство, вклучувајќи ги неговите синови и сопругата Џанет, која ја глуми Клер Фој.

- Кои се шансите да не се вратите назад? - Џанет го прашува Армстронг.

- Децата повеќе немаат татко. Затоа, ќе седнеш со момчињата и ќе ги подготвиш за фактот дека можеби никогаш нема да се вратиш дома.

За време на прес-конференцијата во Венеција со филмската екипа, Фој рече дека синовите на Армстронг давале совети за тоа како таа и Гослинг точно да ги портретираат нивните родители.

- Нивниот татко не беше астронаут. За нив, тој беше тато - рече Фој.

- Никогаш не сум имал толку голема помош во филм - изјави Гослинг на прес-конференцијата.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура