X
 31.10.2019 Образование

ДПИ го деградирал Илиевски и му ја намалил платата без да чека одлука по неговата жалба за дисциплинската

Државниот просветен инспектор Ѓорѓи Илиевски не смеел да биде распределен на пониско работно место, ниту да му се намали платата, сѐ додека не се донесе решение по неговата жалба за постапката што ја водеше дисциплинската комисија, одлучи Комисијата на Агенцијата за администрација за одлучување по жалби и приговори на административни службеници во втор степен. Тие му наложуваат на Државниот просветен инспекторат(ДПИ) да ја прекине оваа постапка.
Во решението пишува:

„Постапката по жалба против Решение за распоредување и определување плата на државен службеник, донесена од директорот на Државен просветен инспекторат, се прекинува“.


Според одлуката на Комисијата, инспекторот не смеел да биде распределен на ново работно место и да му се намали платата сѐ додека не се реши претходното прашање, односно не се донесе одлука по неговата жалба против Решението за изрекување дисциплинска мерка.
Н: ДПИ го деградирал Илиевски и му ја намалил платата без да чека одлука по неговата жалба за дисциплинската 

Државниот просветен инспектор Ѓорѓи Илиевски не смеел да биде распределен на пониско работно место, ниту да му се намали платата, сѐ додека не се донесе решение по неговата жалба за постапката која ја водеше дисциплинската комисија, одлучи Комисијата на Агенцијата за администрација за одлучување по жалби и приговори на административни службеници во втор степен. Тие му наложуваат на Државниот просветен инспекторат(ДПИ) да ја прекине оваа постапка.
Во решението пишува:

„Постапката по жалба против Решение за распоредување и определување на плата на државен службеник, донесена од директорот на Државен просветен инспекторат се прекинува“.

Според одлуката на Комисијата, инспекторот не смеел да биде распределен на ново работно место и да му се намали платата сѐ додека не се реши претходното прашање, односно не се донесе одлука по неговата жалба против Решението за изрекување дисциплинска мерка.
Подготвил: М.А.М

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование