X
 31.10.2022 Уметност

Во Милано се појави мурал од Анџелина Џоли со лузни

На еден од главните плоштади во Милано се појави мурал на уметникот Александро Паломбо со цел одбележување на октомври како месец на борбата против ракот на дојката.

Со назив „Сакај се себеси“ (Love yourself), овој мурал со лик на глумицата Анџелина Џоли е вид поддршка на сите жени што се борат против оваа болест. На муралот Џоли е насликана со голи гради и лузни од мастектомија.

Оваа холивудска актерка во 2013 година во отворено писмо на „Њујорк тајмс“ откри дека направила операција за отстранување на двете дојки и јајчниците за спречување појава на рак.

- Мојата мајка почина во 56. година од животот, по десетгодишна борба со тумор на дојка. Лекарите проценија дека кај мене веројатноста од заболување од рак на дојка е 87 отсто, а од рак од јајчник 50 отсто. Кога сфатив дека тоа е мојата реалност, одлучив да бидам проактивна и да го намалам ризикот што е можно повеќе - објаснила тогаш Џоли.



Според податоци од Светската здравствена организација, ракот на дојка е водечка малигна болест меѓу женската популација низ светот и еднакво ги погодува развиените и неразвиените земји.

Последните објавени податоци покажуваат дека во светот се регистрирани над 2 милиона новозаболени, додека од истата болест секоја година умираат над половина милион жени.

Извор: Ona.telegraf.rs
Насловна фотографија: Twitter
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Уметност