X
 31.12.2016 Забава

На кој начин се поврзани „Сам дома“ и „Пријатели“?

По темелна истрага, компанијата за продукција „22 Вижн“ откри нешто навистина интересно. 

 


Имено, куќата која ја купуваат Моника и Чендлер во последната сезона, е всушност истата куќа во која живееше семејството Мекалистер, од филмот „Сам дома“.

Иако семејството Мекалистер живее во Чикаго, а Чендлер и Моника во Њујорк, компанијата успеа да ја докаже својата теорија врз основа на видео кое ги потенцира доказите.

Доколку не сте уверени, компанијата успеала да стапи во контакт со вистинските сопственици на куќата која се наоѓа во Винетка, Илионис, кои ја потврдуваат теоријата.

 Сината куќа преку улицата со венецoт на вратата во „Сам дома“.



Истата куќа се појавува и во „Пријатели“.


Куќата на Марфи во „Сам дома“.



Истата куќа е забележана и во „Пријатели“.


Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава