X
 31.12.2020 Живот

Грција нуди можност за едномесечен бесплатен престој во прекрасна вила за сите што работат на далечина

Многу луѓе низ целиот свет моментално работат од дома, сонувајќи за момент кога би можеле да го сменат опкружувањето. Така, една компанија нуди шанса за двајца луѓе да престојуваат во прекрасна луксузна вила во Грција, која ќе ја претворат во нивна домашна канцеларија во период од четири недели.

„Си-ви вилас“ објави натпревар во кој можат да учествуваат сите. Компанијата бара пар кој ќе биде избран да помине еден месец на островот Крф, а кој има сиромашно опкружување во својот дом, па ќе му овозможи да работи од луксузна вила. За аплицирање на натпреварот, кандидатите ќе бидат прашани зошто мислат дека заслужуваат шанса за промена на локацијата на нивната домашна канцеларија.

2

Победниците ќе патуваат во прекрасната „Индијана“, вила со пет спални соби, а има и приватен базен, топла бања и прекрасна сончева тераса.

2

3

Планирано е престојот да биде од 5 април до 3 мај 2021 година. Покриени се и патните трошоци. ТУКА можете да аплицирате.

Извор: Lonelyplanet.com
Фото: CC Villa/Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот