X
 31.12.2020 Технологија

Роботите знаат и да танцуваат

Роботите на „Бостон дајнемикс“ може да се качуваат на тешки предели, да им помагаат на докторите во работата и да ги потсетуваат луѓето да ги почитуваат мерките за безбедност на јавни места. Тие може и да учат кореографија и да танцуваат.

Американската компанија објави видео во кое три роботи танцуваат на песна и се толку добри што навистина потсетуваат на луѓе.


Робот на компанијата танцувал и претходно во видео од 2018 година.


Роботското куче што се прикажува во видеото е импресивно. Тоа може да отвора врати, да носи товар и да служи како овчарско куче.

Автор: Бони Бартон
Извор: cnet.com
Фото: Screenshot/Youtube
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија