X
 31.12.2021 Живот

Што најмногу гуглале Македонците во 2021 година?

Фудбалот, вакцините, коронавирусот се меѓу нештата што жителите на Македонија најмногу ги гуглале во текот на 2021 година. Традиционално, Факултети.мк ви ги пренесува најпребаруваните нешта за изминатата година во неколку категории.

Ќе почнеме со сите категории, каде што најпребарувана тема е 2021, по што следуваат УЕФА ЕУРО 2020 (Европското првенство во фудбал), 2022 и вакцина. Истовремено, петте најпребарувани термини изминатава година биле поврзани со вакцинацијата, фудбалот и празниците, односно: вакцинација.мк, Рамнеек Сиду, ЕУРО 2021, православен календар 2021 и верски календар 2021.

Подолу на листата се пребарувањата за цената на биткоинот, страници за резултати од спортски натпревари, е-дневник, пребарувања на лаборатории итн.



Во категоријата здравје годинава, очекувано, најгуглани се вакцините, како најпребарувани теми и термини, но се вмешале и медиумите.



Во категоријата работа и образование повторно се појавуваат вакцините меѓу најгугланите теми, но жителите на Македонија се интересирале и за значењето на соновите, тестови за пишување на тастатура и Универзитетот „Харвард“.



Во категоријата уметност и забава, пак, може да се забележи дека жителите на Македонија најмногу сакаат да гледаат фудбал, Евровизија и реални шоуа.



Во категоријата книги и литература може да се забележат пребарувања за „Малиот принц“, Тома Здравковиќ и други нешта.


Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот