X
 31.12.2022 Култура

„Дизни“ објави што можеме да очекуваме наредната година

Се приближува крајот на годината, а компанијата „Дизни“ одлучи да претстави богата понуда од нови серии и нови сезони на популарни серии преку краток трејлер.

Најдобрите моменти на трејлерот ги вклучуваат втората сезона од серијата „Локи“, третата сезона од серијата „Мандалоријан“, првиот трејлер за „Тајната инвазија“, првата снимка од „Ахсока“, долгометражниот цртан филм „Победи или изгуби“ и новата адаптација во живо на „Петар Пан и Венди“.

За втората сезона на серијата „Локи“ познато е дека е режирана од Џастин Бенсон и Арон Мурхед. Покрај Том Хидлстон и Овен Вилсон, се враќаат и Софија ди Мартино, Гугу Мбата-Ро и Вунми Мосаку.

Интересно е што ќе видиме нова верзија на приказната за Петар Пан, за која е задолжен режисерот Дејвид Ловери, познат по работата на филмовите „Змејот на Пит“ и „Зелениот витез“, така што овој жанр не му е непознат.

За многумина третата сезона на „Мандалоријан“ е најочекувана бидејќи, како што знаат оние што ја гледале „Книгата на Боба Фет“, Дин Џарин и Грогу повторно заедно одат во нови авантури.



Извор: b92.net
Фото: Screenshot/YouTube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура