Лексикон: За да го видите значењето на даден збор во рaмките на веста, позиционирајте го покажувачот врз истиот и кликнете два пати.
 

Конкурс за прием на студенти во државните студентски домови 2011/2012

 

Врз основа на член 30 од Законот за ученичкиот и студентскиот стандард (“Службен весник на Република Македонија” број 37/98 и 40/03) и Решение број 08 – 4303/1 од 07.07.2011 година,

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА распишува

К О Н К У Р С

за прием на студенти во државните студентски домови и други објекти за сместување во Република Македонија за студиската 2011/2012 година


Во студиската 2011/2012 година во државните студентски домови и други соодветни објекти за сместување во Република Македонија ќе се примаат редовни студенти запишани на додипломски студии на универзитетите и високообразовните установи во Република Македонија и тоа во:

Ред
ен број

СТУДЕНТСКИ ДОМ

МЕСТО

Број на легла

1

СТУДЕНТСКИ ЦЕНТАР СКОПЈЕ

Скопје

3108


-ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ


1214


-КУЗМАН ЈОСИФОВСКИ ПИТУ


490


-СТИВ НАУМОВ – прва и втора зграда


540


-СТИВ НАУМОВ – трета зграда


514


-НЕВЕНА ГЕОРГИЕВА ДУЊА


350

2

ДСД ПЕЛАГОНИЈА

Скопје

937

3

ДСД ТОМЕ СТЕФАНОВСКИ СЕНИЌ

Скопје

371

4

ДСД КОЧО РАЦИН

Битола

380

5

ДСД НИКОЛА КАРЕВ

Охрид

218

6

ДСД ДОНЕ БОЖИНОВ

Пробиштип

130

7

ДСД ОРДЕ ЧОПЕЛА

Прилеп

335

8

ДСД БРАЌА МИЛАДИНОВЦИ

Штип

216

9

СМЕСТУВАЧКИ ОБЈЕКТ ДУТ “ОАЗА”

Штип

112

10

СМЕСТУВАЧКИ ОБЈЕКТ на ул. Ген. Михајло Апостолски бр. 18 (Објект ХИЛЈАДНИКОВ)

Штип

42+18


Од вкупниот број расположиви места во студентските домови, комисијата обезбедува до 20 % од вкупните места за студенти, кои за прв пат ќе бидат запишани на факултетите и високите школи, како и 3 % од вкупните места за владини стипендисти-студенти со македонско потекло, студенти од странство кои студираат на универзитетите и високообразовните установи во Република Македонија согласно ЕКТ систем, програмите ЦЕЕПУС и ТЕМПУС, билателарни договори, конкурси и сл.

I. УСЛОВИ ЗА ПРИЕМ

I.1. Право на прием имаат редовни студенти кои се школуваат надвор од местото на живеење и тоа:

1. Редовни студенти на факултети кои имаат помалку од осум семестри и не повторувале студиска година;

2. Редовни студенти на факултети кои имаат осум семестри и не повторувале повеќе од една студиска година;

3. Редовни студенти на факултети кои имаат над осум семестри и не повторувале повеќе од две студиски години;

4. Да се државјани на Република Македонија.

I.2. Студентите на кои им е изречена дисциплинска мерка исклучување (отстранување) од домот или имаат неподмирени долгови кон домот, немаат право на прием.

I.3. Студентите кај кои Комисијата за прием ќе констатира злоупотреба на добиеното легло, истото ќе им биде одземено и доделено на студент од листата на чекање за соодветниот дом.

II. НАЧИН И РОК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ

Студентите кои се пријавуваат на Конкурсот треба да пополнат електронска пријава поставена на интернет порталот www.smestuvanje.mon.gov.mk.

Студентите може да конкурираат само за прием во еден студентски дом.

За студентите кои се пријавиле повеќе пати, за валидна ќе се смета последната пријава.

Рок за електронското пријавување на студентите од II година и повисоките студиски години почнува од 08.07.2011 година до 09.08.2011 година.

Рок за електронското пријавување на студентите од I година почнува од 22.08.2011 година до 28.08.2011 година.

III. ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ

Студентите, кои ги исполнуваат условите по конкурсот и се избрани на прелиминарниот список, потребно е да ги достават следните документи:

1. Пријава;

2. Идентификационен број од успешно пополнета електронска пријава;

3. Потврда за остварениот успех во студирањето на студентот;

4. Потврда за редовност во студирањето на студентот;

5. Новозапишаните студенти од I-ва година, наместо потврда за редовност (точка 4), да достават копии од свидетелства за завршена I, II, III и IV средно образование.

6. Изјава за семејната положба на студентот, односно неговото семејство;

7. Потврди за остварените приходи на вработените членови на семејството за месец јуни 2011 година или доколку за овој месец не е исплатена плата, да се достави потврда за последната исплатена плата; за пензионираните членови на семејството испратница од пензија; за невработените членови на семејството да се достави потврда од Заводот за вработување дека се невработени или примаат – не примаат паричен надоместок (во потврдата да биде наведен износот на паричниот надоместок, доколку го примаат); за починат родител да се достави препис од извод на умрените (или испратница од пензија); за разведени родители да се достави доказ за разводот, додека за учениците и студентите (сестри, браќа) потврди од училиштето, односно факултетот;

8. Изјава од родителот – старателот за целосно подмирување на трошоците за сместување и исхрана во домот;

9. Уверение за државјанство на Република Македонија.

Горенаведените документи се доставуваат до студентскиот дом за каде се пријавува студентот, од 15.08.2011 година до 19.08.2011 година, а студентите од I година документите ги доставуваат од 31.08.2011 година до 03.09.2011 година.

Документите на кандидатите кои се некомплетни, ненавремено доставени и не се идентични со податоците кои се внесени во електронската пријава, нема да бидат разгледувани.

IV. НАЧИН И ПОСТАПКА ЗА ПРИЕМ НА СТУДЕНТИ

IV.1. Начинот и постапката за прием на студентите во студентските домови и други сместувачки капацитети, како и условите за сместување и исхрана се регулираат согласно Законот за ученичкиот и студентскиот стандард и Правилникот за начинот и постапката за прием на студентите во државните студентски домови.

Во согласност со правилникот за прием на студентите, успехот од средното образование, успехот во студирањето, редовноста во студирањето и семејната положба на студентите се основните елементи за рангирање и прием на студентите во студентските домови.

IV.2. Прелиминарните резултати од конкурсот за студентите од II година и повисоките студиски години ќе бидат објавени на 12.08.2011 година на огласните табли во студентските домови каде конкурирал студентот и на интернет порталот www.smestuvanje.mon.gov.mk.

Приговор по резултатите се доставува до архивата на Mинистерството за образование и наука, Ул. Мито Хаџи-Василев Јасмин бб, Скопје во рок од 5 дена од денот на објавувањето на резултатите.

Конечната ранг-листа ќе биде објавена на 30.08.2011 година на огласните табли во студентските домови каде што конкурирал студентот и на интернет порталот www.smestuvanje.mon.gov.mk.

Непополнетите места ќе се пополнуваат со студенти од листата на чекање, кои ги исполнуваат условите.

IV.3. Прелиминарните резултати од конкурсот за прием на студенти од I година ќе бидат објавени на 30.08.2011 година на огласните табли во студентските домови каде што конкурирал студентот и на интернет порталот www.smestuvanje.mon.gov.mk.

Приговор по резултатите се доставува во рок од 5 дена од денот на објавувањето на резултатите до архивата на Министерството.

Конечната ранг-листа ќе биде објавена на 08.09.2011 година на огласните табли во студентските домови, за каде што конкурирал студентот и на интернет порталот www.smestuvanje.mon.gov.mk.

IV.4. Доколку се обезбедени соодветни услови, слободните места во студентските домови ќе може да се пополнат со ученици, согласно условите од Конкурсот за прием на ученици во јавните ученички домови во Република Македонија за учебната 2010/2011 година.


V.
РОКОВИ ЗА СМЕСТУВАЊЕ

Студентите од повисоките студиски години се вселуваат во студентските домови од 01.09.2011-10.09.2011 година.

Студентите од I година (бруцоши) се вселуваат во студентските домови од 12.09.2011-15.09.2011 година.

 

МИНИСТЕРСТВО ЗА ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА


ДРЖАВЕН СЕКРЕТАР,


Елизабета Тодоровска

 

 
Објавено на 12.07.2011 во категорија Конкурси
 
 

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Препорачани вести од Facebook