Лексикон: За да го видите значењето на даден збор во рaмките на веста, позиционирајте го покажувачот врз него и кликнете два пати.
 

Како правилно да изберете лозинка за да го заштитите вашиот фејсбук

 
Вашиот е-маил, фејсбук, скајп и други апликации за кои ви треба лозинка да се најавите се лесни за пробивање ако не изберете сигурна лозинка. Неколку совети кои ќе ви помогнат како да се заштитите со лозинка која тешко или никој нема да може да ја пробие.

password

Според резултатите од истражувањето на Application Defense Center, во кој ги проучија лозинките од е-маил адресите кои хакерите ги украдоа во 2009 година, најголемиот број корисници како лозинка ја користат ’123456’. Останатите најчесто ги користат лозинките како ’password’, ’iloveyou’, ’abc123’ и слични кои лесно би можеле да се откријат.

Yahoo објави неколку совети кои ќе ви помогнат да изберете сигурна лозинка која ќе биде тешко да се пробие.

Прв совет – Да се избегнуваат користење на имиња и е-маил адреси, односно некои лични податоци како датум на раѓање, имиња од членови на семејство, домашни миленичиња, лични телефонски броеви или други слични податоци, а пред се да се избегнува користењето на броеви во низа (123 и слично).

За најдобра заштита се советува користење на комбинација на големи и мали букви, броеви и симболи. На Yahoo се вели дека за хакирање на е-маил адресите најчесто користена метода е ’brute force attack’ при што софтверот автоматски ги нагаѓа сите можни комбинации за да ја погоди лозинката, така да многу полесно ќе открие некој краток број, едноставен израз или име, во однос на низа броеви, различни букви и симболи.

Затоа користете големи и мали букви, броеви и симболи – всушност вметнување на симболи дополнително ја зголемува сигурноста бидејќи со оглед на големиот број на симболи кои хакерскиот програм треба да ги провери, додавањето на само една ѕвезда или заграда го отежнува хакирањето на лозинките за околу 1, 500 пати.

Третиот совет за подбрување на сигурноста на лозинката е нејзината должина. Едноставно – што подолга лозинка користите, нејзината сигурност ќе биде поголема. Се препорачува користење на лозинка со десет или повеќе знакови.

Четвртиот совет вели користење на т.н. ’password padding’ техника. Јасно е дека е тешко да се запомни шифрата која ќе содржи десет или повеќе избрани знаци, па затоа и корисниците не ги користат таквите лозинки.

Стив Гибсон, истражувач, вели дека е лесно да се направи сигурна но сепак релативно лесна за помнење лозинка. Тој го дава примерот за лозинката 'D0g!(!(!(!(!(!'.

Последниот совет за користење на сигурни лозинки е користење на password manаger, односно софтвер за управување со лозинки. На овој начин корисниците ќе мораат само да ја запомнат лозинката за пристап кон овој програм, а за сите останати лозиники ќе се погрижи самиот програм.
 
Објавено на 04.09.2011 во категорија Технологија
 
 

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Препорачани вести од Facebook