Gnome почнува со програмата Outreach Program for Women internships во рамките на која програмерки и дизајнерки од цел свет во тек на три месеци - од 12 декември до 12 март, ќе можат да учат и да ги усовршуваат своите знаења за програмирање со Gnome и да помогнат во развојот на слободниот софтвер. Оние што ќе бидат избрани за програмата можат да добијат стипендија од 5.000 американски долари.
Gnome фондацијата ќе спонзорира најмалку три кандидатки од 12 декември до 12 март, а во програмата можат да се вклучат сите жени кои сакаат да работат со Gnome и ќе имаат доволно слободно време во текот на тие три месеци. Во текот на стажирањето од учесниците се очекува да бидат во можност да минат по 40 часа неделно на својот проект, а работењето се прави од дома, во постојана комуникација со менторите и останатите членови на проектот.
За да се вклучат во програмата кандидатките до 31 октомври треба да стапат во контакт со барем еден проект и да направат некаков придонес кон тој проект, а потоа да аплицираат. Менторот ќе одреди како треба да се вклучите во проектот и кое ќе биде вашето задолжение, а можете и самите да дадете предлог.
За проектите за развој на софтвер најчестиот придонес е да се поправи некој пропуст, што не е некој голем проблем, а трудот треба да покаже дека кандидатките се расположени да бидат вклучени и дека имаат желба за учење.
На 9-ти ноември ќе бидат познати избраните учеснички.
Повеќе за програмата и апликацијата може да најдете
овде, а за искуствата од Македонка што била вклучена во Gnome програмата може да прочитате
овде.
извор :
Кајгана