Лексикон: За да го видите значењето на даден збор во рaмките на веста, позиционирајте го покажувачот врз него и кликнете два пати.
 

Започна дводневната Конференција за е-Демократија 2011

 
На дводневната конференција за е-Демократија 2011, која денеска почнува во Охрид, темата е „Информатичка и комуникациска технологија (ИКТ), двигател на демократијата и транспарентноста“.

конференција

На конференцијата ќе стане збор за улогата на информатичката технологија во јакнењето на демократијата и транспарентноста на јавните институции.

На отворањето на конференцијата воведно обраќање ќе има министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски. Најавено е дека финалните заклучоци на затворањето на конференцијата ќе ги презентира вршителот на должноста шеф на делегацијата на Европската унија, Роберт Лидл.

Учесници на конференцијата ќе бидат делегации на парламенти, влади и службени весници од регионот на Југоисточна Европа, Европската унија, Средниот Исток и Африка.

Конференцијата ја организира ИТ компанијата Некстсенс и Центарот за развој на е-Влада од Љубљана со поддршка на Европската унија, Швајцарската агенција за развој и соработка, како и Националниот демократски институт, Меѓународната финансиска корпорација, УСАИД, Советот за регионална соработка, Кофакс и Мајкрософт.

Извор: Курир
 
Објавено на 26.09.2011 во категорија Технологија
 
 

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Препорачани вести од Facebook