Лексикон: За да го видите значењето на даден збор во рaмките на веста, позиционирајте го покажувачот врз истиот и кликнете два пати.
 

8 декември - ден на Св. Климент Охридски

 
Името на Свети Климент чудотворец Охридски е и името на првиот македонски книжевник, духовник и учител.

Климент Охридски


Ученик на Светите Методиј и Кирил. По смртта на Св. Методиј Климент, под притисок на Германците, од Моравија тргна на југ.Со Горазд, Наум, Сава и Ангелариј - заедно наречени Петочисленици - го помина Дунав, престојува како гостин при царот Борис од каде заминува во Охрид, во областа Кутмичевица каде во 886 година и ја формира Охридската книжевна школа или попозната како прв словенски Универзитет, од кој како подготвени излегле 3500 ученици. Климент Охридски е познат по тоа што ја има создадено кирилицата, која ја прави врз основа на грчката азбука но со модифицирани букви за прилагодување кон словенските фонетски карактеристики.

Покрај црковните и педагошките дејности, особено учителско проветителски, Климент развил и богата книжевна дејност. Автор е на многу поучни и похвални слова како похвалата на Кирил Филозоф, похвалата на пророкот Захариј и св. Јован Крстител, за Кирил и Методиј, Јован Крстител, Михаил и Гаврил. Но, во неговото творештво преовладуваат поучителните слова кои се однесуваат на општохристијанските светители: Св.Ѓорѓи, Св.Тома, Св.Антониј, потоа слова посветени на Богородица и слова посветени за настаните од животот на Исус Христос. Се упокоил во 916 година и бил закопан во гробот што го ископал со сопствени раце во црквата посветена на Св. Пантелејмон на Плаошник.

Свети Климент Охридски е заштитник на градот Охрид. Преданијата раскажуваат дека секогаш кога над градот ќе се надвиснела некоја несреќа се јавувал духот на светецот и го спасувал градот од страдања.

По повод 8 декември, денот на Свети Климент Охридски и патрон празник на Охрид, во градот под Самоиловите тврдини, ќе се организираат низа свечености.

Денес, покрај поклонение пред моштите на Св. Климент Охридски и полагање цвеќе на спомениците на патронот во дворот на основното училиште што го носи неговото име, како и на Градскиот плоштад, во Изложбениот салон во Центарот за култура „Григор Прличев“ ќе биде отворена ликовна изложба, а ќе бидат врачени и наградите од конкурсот за најдобри литературни, музички и ликовни творби на учениците на општинското средно училиште „Св. Климент Охридски“.

Во галеријата на Центарот за култура „Григор Прличев“ ќе се одржи и традиционалната изложба на роднокрајни ликовни уметници.

Свеченостите по повод празникот на градот ќе бидат заокружени со свечената академија во Големата сала на Центарот за култура во организација на општинското средно училиште „Св. Климент Охридски“ и локалната самоуправа. На академијата ќе бидат врачени и највисоките општински признанија и награди „Св. Климент Охридски - Патрон на Охрид“.
 
Објавено на 07.12.2011 во категорија Култура
 
 

Препорачани вести од Facebook

Слични вести од Fakulteti.mk

Галерии

Лексикон

Издвојуваме

Култура