Лексикон: За да го видите значењето на даден збор во рaмките на веста, позиционирајте го покажувачот врз истиот и кликнете два пати.
 

Кире најдобар стрелец, Ангелов најдобар голман по првата фаза

 
Македонскиот капитен Кире Лазаров е најдобар стрелец по првата фаза на Европското првенство во Србија со 21 гол, а Петар Ангелов е најдобар голман според процентот на одбранети удари (48%). Овие индивидуални статистички показатели само го надополнуваат одличниот настап на нашиот национален тим на првите три меча одиграни во Ниш.

Кире Лазаров


Кире Лазаров со 21 гол, или точно по седум погодоци на секој од трите натпревари, е водечки на листата на најдобрите стрелци. Зад него со 20 гола е Швеѓанецот Никлас Екберг, а 19 постигна Филип Јиха од Чешка, за кого шампионатот веќе заврши. Потоа следуваат Мамелунд (Норвешка), Ткачик (Полска), Сигурдсон (Исланд) и Илиќ (Србија) со по 16 постигнати голови.

Петар Ангелов - Диви


Кај голманите, Петар Ангелов има фантастичен процент на одбрани, дури 48%, кои ги реализираше на мечот со Германија, и тоа сите во второто полувреме. Тој од 23 шутеви кон неговиот гол успеа да одбрани 11. Веднаш зад него е српскиот чувар на мрежата и член на Металург, Дарко Станиќ, со 46% на одбранети удари. Тој од 65 шутеви успеа да скроти 30. Борко Ристовски се наоѓа на 16.место во оваа категорија, со 32% одбранети удари. Тој одбрани 25 топки од вкупно 78 упатени кон неговиот гол.

Што се однесува до категоријата за најдобри асистенти, Кире Лазаров се наоѓа на високото четврто место со 13 асистенции, или во просек - 4,3 по меч.

Извор: Екипа.мк
 
Објавено на 20.01.2012 во категорија Спорт
 
 

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Препорачани вести од Facebook