Информации
Амбасадата на Сад во Сопје ги повикува македонските студенти да се пријават со план за претприемништво и бизнис практики, со цел да се промовира слободниот пазарен систем во Југоисточна Европа.
Предложените проекти ќе бидат оценувани од други познати и успешни бизнисмени.
Најдобрите три проекти ќе имаат можност да отпатуват во Опатија, Хрватска да присуствуваат на Рон Браун Форумот „За економските можности на локално ниво", кој ќе се одржи од 2 до 4 април 2012 година.
Кандидатите мора да бидат на возраст од 18-25 години, и да бидат моментално запи шани на додипломски студии или да дипломирале во последниве две години.
Прелог проектот треба да биде напишан на 1-2 страници, на англиски јазик, заедно со буџетот кој е потребен и место од каде ќе се најдат средства за реализација на овај бизнис план.
Исто така заедно со предлог-проектот заинтересираните кандидати теба да испратат и кратка биографија на следната емаил адреса: ircskopje@t-home.mk со наслов на маилот: “The Ron Brown Apprentice Program”.
Краен рок за испраќање на предлозите е 17.02.2012 година.
Подетални информации за натпреварот може да најдете на официјалната веб страна:
http://photos.state.gov/libraries/macedonia/8573/ArchivePDFs-jan2012/RonBrownApprenticeProgram.pdf .