Лексикон: За да го видите значењето на даден збор во рaмките на веста, позиционирајте го покажувачот врз истиот и кликнете два пати.
 

Часот на раѓање го открива Вашиот карактер

 


Времето на Вашето раѓање влијае на карактерот.

00-01 - Агресивни, но издржливи. Ги сметаат за тврдоглави, горделиви. Во поволни околности оваа констатација може да овозможи неверојатни достигнувања.

01-02 - За нив моќта и угледот претставуваат сè. Најчесто се успешни.

02-03 - Истовремено се посветуваат на повеќе задачи. Динамични се и понекогаш нетолерантни.

03-04 - Чувствителни се, сакаат финансиска сигурност, вешто раководат со пари.

04-05 - Полни со концентрација. Често паѓаат во депресија.

05-06 - Трошат многу, на работи кои не им се потребни. Мрзеливи се.

06-07 - Шармантни, а емоционалната стабилност ќе им зависи од други личности.

07-08 - Секогаш зборуваат она што го мислат, но умеат и да молчат. Интриги и недоверба можат да ги исфрлат од колосек.

08-09 - Го сакаат спортот, патувањата, ги привлекуваат странци. Родени авантуристи.

09-10 - Организирани, дисциплинирани, убаво се чувствуваат кога помагаат некому.

10-11 - Ги сакаат луѓето и речиси секогаш се опкружени со искрени пријатели.

11-12 - Посебно се успешни кога никој не им се меша во работата. Кариера можат да имаат во уметноста.

12-13 - Сè што ќе започнат завршуваат. Материјалната сигурност и безбедност им е најважна.

13-14 - Често се осврнуваат на тоа што другите го зборуваат и мислат дека сè е наменето за нив.

14-15 - Верни се, но ако забележат дека не се главни во очите на партнерот, веднаш бараат друг. Се жртвуваат многу за своите деца.

15-16 - Љубезни се, но знаат да паднат во депресија ако почувствуваат дека се отфрлени.

16-17 - Најбитно од сè и на прво место им се парите.

17-18 - Перфекционисти се и практични.

18-19 - Само ако се поврзани со други луѓе можат многу да постигнат.

19-20 - Имаат големи сексуални потреби, често менуваат партнери, не знаат за верност.

20-21 - Оптимисти се, речиси никогаш не се верни.

21-22 - Се плашат да не бидат повредени. На својата околина подаруваат топлина и сочувство.

22-23 - Интелигентни се, успеваат да излезат на крај со сите проблеми, во предност се пред сите, но треба да бидат поскромни.

23-00 - Не сакаат компромиси. Нивно мото е: „сè или ништо“. Склони на љубомора и посесивност.

Извор: Фемина
 
Објавено на 30.04.2012 во категорија Живот
 
 

Препорачани вести од Facebook

Слични вести од Fakulteti.mk

Галерии

Лексикон

Издвојуваме

Живот