Лексикон: За да го видите значењето на даден збор во рaмките на веста, позиционирајте го покажувачот врз истиот и кликнете два пати.
 

Заврши скопскиот маратон-Кенијците апсолутни шампиони

 
Над 3.000 учесници годинава, меѓу нив и деца кои туку што прооделе, трчаат на сите трки на шестиот Скопски маратон кој почна денеска пред плоштадот „Пела“ во 9 часот. Во големата група е и евроамбасадорот Аиво Орав.


skopski-maraton

Пријавени се и учесници од странство меѓу кои Вилсон Мели, Вангуи Варатумо од Кенија, Русинот Алексеј Трошкин, Марк Рог од Шпанија и Каталин Фаркаш од Унгарија. Ќе се трча на маратон од 42.195 метри, полумаратон на 21.097 метри, хуманитарна трка на 5.000 метри и Детски мини маратон-Чунга лунга.

Главната награда на маратонот кај мажи и жени е 1.700 евра плус 300 евра бонус за рекорд, додека за македонските најдобри маратонци и маратонки за првото место наградата е 300 евра.

skopski-maraton

Бројот на земји-учеснички во сите трки е 36, додека на детскиот маратон учествуваат 600 деца кои се пријавуваа преку основните училишта. Средствата од котизацијата за хуманитарниот маратон ќе бидат донирани во Црвениот крст за опремување центар за бездомници.

Покровители на Скопскиот маратон се Град Скопје, Делегацијата на ЕУ во Скопје и Агенцијата за млади и спорт, а организатори Сојузот на спортови на Скопје, Атлетската федерација на Македонија и Атлетскиот клуб „Работнички“.


skopski-maraton

skopski-maraton

skopski-maraton

skopski-maraton

skopski-maraton

skopski-maraton

skopski-maraton

skopski-maraton

 

ФОТОГРАФИЈА:  Радован Вујовиќ
Извор: +Инфо
 
Објавено на 06.05.2012 во категорија Спорт
 
 

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Препорачани вести од Facebook