Лексикон: За да го видите значењето на даден збор во рaмките на веста, позиционирајте го покажувачот врз истиот и кликнете два пати.
 

"Бургер кинг" конечно во Скопје

 
Познатите брендови “Бургер кинг“, “Армани“ и “Ла Коста“ ќе отворат свои продавници во новиот трговски центар “Сити мол резиденс“ во Аеродром, спроти трговскиот центар “Бисер“ чија изградба ќе започне на 15-ти мај, а се очекува да заврши за 15 до 18 месеци.



Инвестицијата е вредна 35 милиони евра, а објектот е со вкупна површина од 35 илјади квадратни метри. Од таа површина, 12 илјади зафаќа трговскиот центар, 8 илјади се апартманско сместување, а првпат во Аеродром се гради подземна гаража со три нивоа со вкупна површина од 15 илјада квадратни метри.

“Овој станбено деловен простор ќе внесе нова димензија во општината Аеродром. Граѓаните освен многу побогат избор на производи и услуги во близина на нивниот дом, ќе добијат и две модерни 3Д киносали. Во трговскиот центар ќе бидат присутни цела плејада светски брендови, некои од нив за првпат со свои продажни салони во Македонија. Нови брендови ќе донесеме и во делот на рестораните. Ќе има аптека, банка и фитнес центар. На приземјето ќе има голем ’Рамстор’ супермаркет“, изјави Ајдован Адемоски, сопственик на “Сити плаза“ инвеститор на проектот, на денешното поставување камен темелник на кое присуствуваше и премиерот Никола Груевски .

“Сити плаза“ за десетина дена ќе стартува со уште една голема инвестиција во општина Аеродром. Станува збор за хотел од висока категорија “Рамада“.

“Еден приватен инвеститор започнува инвестиција вредна 35 милиони евра, а уште една за неполн месец од сега, а тоа е изградба на хотел во близина на овој објект во општина Аеродром и тоа е инвестиција од 20 милиони евра. Ќе вработи околу 500 луѓе во двата објекта. Тоа е за поздравување и со задоволство ја прифатив поканата да присуствувам тука денеска“, изјави Груевски.

Извор: Идивиди
 
Објавено на 12.05.2012 во категорија Економија
 
 

Препорачани вести од Facebook

Слични вести од Fakulteti.mk