Лексикон: За да го видите значењето на даден збор во рaмките на веста, позиционирајте го покажувачот врз истиот и кликнете два пати.
 

Септемвриски обуки во Сивус со можност за вработување

 
Програмите опфаќаат предавања, кои ќе ги водат експерти од Сивус во соодветните области, како и практична работа на реални проекти за компании од светски ранг


илустрација


Во септември започнуваат две обуки во организација на Сивус – oбука за вгнездени (embedded) системи, како и обука за Синглвју (Singleview), водечка платформа за систем на наплата, производ на CSGi.

Програмите на двете обуки опфаќаат предавања, кои ќе ги водат експерти од Сивус во соодветните области, како и практична работа на реални проекти за компании од светски ранг. На крајот од обуките, учесниците ќе се стекнат со напредни знаења од овие технологии, а ќе имаат и можност за вработување во Сивус.

Обуката за вгнездени системи ќе трае полни три месеци, и ќе опфаќа работа на драјвери за Линукс уреди. Станува збор за уникатен тренинг кој на Балканот па и пошороко единствено се одржува во Сивус. Програмата опфаќа тримесечен тренинг со практична работа на реални проекти и стекнување на напредни знаења од оваа технологија. Предавањата и тренинзите ќе ги водат експерти од Сивус во областа на вгнездените системи кои имаат повеќегодишно искуство стекнато на најнови технологии работејќи на проекти наменети за еминенти светски компании. На крајот од обуката учесниците ќе се здобијат со сертификат за успешно завршена Школа за изработка на Линукс драјвери за вгнездени системи и уреди.

Обуката за Синглвју, пак, ќе трае 30 работни дена, и ќе се фокусира на водечката платформа за системи за наплата, која ја употребуваат некои од најголемите телеком компании во светот. Учесниците ќе го научат концептот на конвергентните финансиски системи за наплата и менаџирање на клиенти, како и неговата практична примена (инсталација и конфигурација на платформата, развој на нови функционалности, тестирање и верзионирање на кодот за оваа платформа), директно од експертите од Сивус кои работат проекти со оваа платформа за водечки телеком оператори во светот.

Обуките се наменети за студенти на последната година од студиите на некој од техничките факултети, или веќе дипломирани, но невработени ИТ инжинери. Студентите ќе бидат избрани по пат на тестирање, а избраните студенти ќе имаат платен месечен надоместок за храна и патни трошоци.

Часовите ќе се одвиваат во тек на работно време. Сите заинтересирани можат да аплицираат на jobs.seavus.com, најдоцна до 24 август 2012 година.

Повеќе информации:

Singleview

Embedded

 
Објавено на 21.08.2012 во категорија Конкурси
 
 

Препорачани вести од Facebook

Слични вести од Fakulteti.mk

Галерии

Лексикон

Издвојуваме

Конкурси