Лексикон: За да го видите значењето на даден збор во рaмките на веста, позиционирајте го покажувачот врз истиот и кликнете два пати.
 

Проверете на кои места во Скопје има манијаци

 
„Реагирај - сподели приказна, спречи насилство“. Ова е слоганот на новиот веб - сајт reagiraj-bidibezbedna.mk . Таму граѓаните ќе може да пријават насилство на јавни места, било да се сведоци или пак тоа ним да им се случило.



Тие може јавно да спо­де­лат дека им се случил сексуален и физички напад, закана, навреди и сле­де­ње, и на тој начин да ги насочат институциите да ги заштитат.

Новиот портал, го из­ра­бо­ти здружението на граѓани „Реактор - истражување во акција", има онлајн ма­па на која се регистрира дали инцидентот се случил во автобус, на ули­ца, во лифт или на други јавни места, кои потоа се селектираат како опас­ни зони.

До­се­га се пријавени 28 случаи на напад, најмногу во населбите Гази Баба, Ае­род­ром и во Тафталиџе. Исто така, постои дел од сајтот, каде граѓаните може да го раскажат нивното искуство, или пак она на кое биле очевидци.

 
Објавено на 06.09.2012 во категорија Живот
Подготвил: Plusinfo
 
 

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Препорачани вести од Facebook