Лексикон: За да го видите значењето на даден збор во рaмките на веста, позиционирајте го покажувачот врз него и кликнете два пати.
 

Самоубиство на 15 годишно девојче кое било исмејувано на интернет

 
Се поголем број млади луѓе бараат помош преку Фејсбук или Јутјуб, но за жал, никој не ги сфаќа сериозно. Пред неколку дена светот беше шокиран од видеото на младата Швеѓанка која го опишала нејзиното силување. Во истото време, Канада беше шокирана од самоубиството на 15 годишно девојче.


илустрација

Нејзината мајка вели дека девојчето го објавило видеото за да им помогне на илјадници млади луѓе кои ја делат нејзината судбина. Керол Тод вели дека во момент на невнимание го уништи животот на нејзината ќерка. Иако многу ќе осудат тоа што нејзината ќерка на 13 години ја подигнала маичката и ги покажала градите на веб камера, но за жал, тоа не е реткост меѓу младите. Година подоцна, преку Фејсбук, некое момче и' напишало дека дошол до нејзината фотографија и дека знае се за неа - адресата, во кое училиште оди, како и' се викаат пријателите, родителите. Бидејќи Аманда не сакала да има никава врска со него, фотографијата се појави низ целиот интернет простор. Така започнало нејзиното малтретирање, а Аманда често пати била нарекувана и порно ѕвезда. За брзо време Аманда станала депресивна, анксиозна, а утеха започнала да бара во дрогата и алкохолот.

Мајката изјави дека фотографијата била испратена и до наставничката на нејзината ќерка. Таа додава дека Аманда во последно време била подобро, барем така им се причинувало, одела на терапија и се чинело дека нејзиниот живот се вратил во нормала.

Таа на 7 септември на Јутјуб објави видео во кое не зборува, но покажува пораки во кои се раскажува нејзината трагична судбина. На видеото не може да се виде нејзиното лице, но полицијата потврди дека е таа. На видеото кое трае девет минути, девојката опишува како со години е исмејувана и малтретирана од страна на нејзините врсници, како на интернет така и на училиште. Поради тоа таа менувала училишта и се обидела да се самоубие.

Откако го променила и новото училиште, повторно следувало преселување. Во новото училиште запознала момче на кое му се допаѓала, но група на девојчиња ја истепале, а сето тоа било снимено. Поради тоа следувал обид за самубиство, но девојчето било спасено.

- Се борам да останам на овој свет. Ова не го правам за добијам внимание, ова го правам за да докажам дека можам да бидам силна. Се повредувам себеси за да заборавам на другата болка, бидејќи, подобро е да се повредувам себе си отколку другите - вели девојчето, кое месец дена после пораките е пронајдена мртва.

Полицијата е уверена дека се работи за самоубиство, но истрагата продолжува. Канада е шокирана, а тука се поставува прашање - кога ќе започнеме сериозно да ги сфаќаме пораките кои младите ги објавуваат на друштвените мрежи?

 
Објавено на 13.10.2012 во категорија Живот
 
 

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Препорачани вести од Facebook