Лексикон: За да го видите значењето на даден збор во рaмките на веста, позиционирајте го покажувачот врз него и кликнете два пати.
 

ДЕМАНТ - Ниту работам, ниту ќе работам во здравство, ниту, пак, планирам да аплицирам

 
Деновиве во печатените и во електронските медиуми, како и на социјалните мрежи е актуелен конкурсот на Министерство за здравство, според кој кандидатите за советници кои ќе се ангажираат при ова Министерство треба да поседуваат сертификат од Менса за коефициент на интелигенција од најмалку 140 IQ.

Голем дел од медиумите вчера објавија дека еден генијалец со 156 IQ  веќе се пријавил на конкурсот, и шпекулираа околу името кој е генијалецот кој конкурирал. Некои од нив објавија дека се работи за Проф. д-р Октај Ахмед. Тој вознемирен од звонењето на телефонот одлучи на својот сајт да објави демант.

Ова е ДЕМАНТОТ од Проф. Д-р Октај Ахмед


илустрација


Почитувани,

Деновиве во печатените и во електронските медиуми, како и на социјалните мрежи е актуелен конкурсот на Министерство за здравство, според кој кандидатите за советници кои ќе се ангажираат при ова Министерство треба да поседуваат сертификат од Менса за коефициент на интелигенција од најмалку 140 IQ.

Откако Министерството објави дека веќе еден кандидат се пријавил на конкурсот, некои медиуми го објавија наводниот сертификат од Менса на пријавениот кандидат. Во документот фигурира и моето име, меѓутоа на денот кога писмото е испратено (07 ноември 1999 година), бев само контакт-лице за кандидатите од Македонија, бидејќи бев официјалниот организатор на првото Менса тестирање во Македонија и дозволата за организирање на Менса тестирање во Македонија беше на мое име. Тоа беа резултати од првото Менса тестирање во Македонија. Подоцна, со овие кандидати кои го исполнија условот за влез во Менса, официјално и ја формирав Менса Македонија.

Исто така, на социјалните мрежи (Facebook и Twitter) се појавија информации дека јас сум тој пријавениот кандидат на конкурсот на Министерството за здравство. Дури имаше и линкови до мојата приватна веб страна.

Поради тоа, цело време мојот приватен мобилен телефон ѕвони и затоа бев приморан да го исклучам.

Сакам тука пред целата македонска јавност да искажам ДЕМАНТ на сето објавено во врска со моето име.

Јас сум професор на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Ниту работам, ниту ќе работам во здравство, ниту, пак, планирам да аплицирам за било какво советничко место во било кое наше министерство.

Од друга страна, сакам да напоменам дека, иако основач, веќе две и пол години не сум член на Менса Македонија, туку во моментов сум директен член на Меѓународната Менса (Mensa International) со седиште во Лондон.

Со почит,
Проф. д-р Октај Ахмед
 
Објавено на 10.11.2012 во категорија Живот
 
 

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Препорачани вести од Facebook