Лексикон: За да го видите значењето на даден збор во рaмките на веста, позиционирајте го покажувачот врз истиот и кликнете два пати.
 

Оглас за вработување во Алкалоид

 


АЛКАЛОИД АД-СКОПЈЕ го објавува следното слободно работно место:

1. Графички дизајнер - 1 (еден)

Потребни квалификации и вештини:
• ВСС - пожелно е да има завршено ликовна академија;
• познавање на програмите за графички дизајн - Adobe: Photoshop, Indesigri, Illustrator, Acrobat Professional; AutoCAD;
• познавање на процесот на печатење;
• одлично познавање англиски јазик;
• високоразвиени интерперсонални и маркетинг-вештини;
• креативност и иницијативност за самостојно истражување;
• максимална посветеност и одговорност кон реализирање проекти и почитување рокови;
• пожелно е поседување возачка дозвола Б-категорија;
• пожелно е да има работно искуство во областа.

Цел и одговорности на работното место:
• креирање графички решенија со уникатен визуелен идентитет и креирање концептуална целина од повеќе елементи;
• применување на новитетите во насока на подобрување на печатените и на визуелните комуникации на дефинираните цели;
• интерна ефективна комуникација во компанијата за дефинирање на целите и на основните елементи од финалниот дизајн;
• комуникација со маркетинг-агенции и со печатници, со цел обезбедување квалитетна подготовка за печатење согласно зададените стандарди.

Работниот однос за позицијата се заснова на определено време од 3 (три) месеци, со можност за продолжување на договорот. При изборот на најповолен кандидат ќе биде спроведен процес на селекција, проследен со тестирања и со интервјуа.

Писмото за мотивација, кратката биографија со фотографија, сопственото портфолио, копијата од уверението за завршеното потребно образование, копијата од сертификати и од дипломи да се достават на следната адреса:

АЛКАЛОИД АД - Скопје Оддел за човечки ресурси бул. Александар Македонски бр. 12,1000 Скопје или по електронска пошта на career@alkaloid.com.mk со назнака: „3а оглас - графички дизајнер".

Само кандидатите кои ќе достават комплетна документација и кои ги исполнуваат бараните услови наведени во огласот ќе бидат вклучени во процесот на селекција и ќе бидат соодветно известувани за неговиот тек.

Краен рок за аплицирање: 23-ти Ноември 2012

Изборот на најдобрите кандидати ќе биде извршен во рок од 3 месеци.
 
Објавено на 17.11.2012 во категорија Конкурси
 
 

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Препорачани вести од Facebook