Лексикон: За да го видите значењето на даден збор во рaмките на веста, позиционирајте го покажувачот врз истиот и кликнете два пати.
 

Времето денес и прогноза за наредни три дена

 


Во Македонија во среда ке биде облачно со слаби врнежи од дожд и снег, ветровито и студено. Врнежи од снег ке има во ридско-планинските предели и на планините. Попладне слаби врнежи од снег се можни и во пониските предели. Во вечерните часови разведрување. Ке дува засилен северен и северозападен ветар, а во западните предели ке дува засилен североисточен ветар. Утринските температури ке се движат од -2°C до 5°C, а максималните дневни температури ке достигнат до 0°C односно до 7°C.

Во Скопје во среда ке биде облачно со слаби врнежи од дожд и снег, ветровито и постудено. Во вечерните часови разведрување. Ке дува засилен северозападен ветар. Утринската температура од 1°C, а максималната дневна температура ке достигне до 4°C.

Во четврток во утринските часови ке има појава на умерен мраз, а во текот на денот ке биде претежно сончево, ветровито и студено со пад на температурите. Ке дува засилен северен и северозападен ветар, а во западните предели ке дува засилен североисточен ветар, кој понекаде ке достигне брзина и до 40 км/ч. Утринските температури од -9°C до -2°C, а максималните дневни температури ке се движат од -3°C до 4°C.

Во петок во утринските часови ке има појава на умерен мраз, а во текот на денот ке биде претежно сончево со локална облачност и студено. Ке дува доумерен ветар со променлив правец. Утринските температури ке се движат од -11°C до -3°C, а максималните дневни температури ке достигнат до -3°C односно до 4°C.

Weather4all
 
Објавено на 19.12.2012 во категорија Живот
Тагови:
 
 

Препорачани вести од Facebook

Слични вести од Fakulteti.mk