Лексикон: За да го видите значењето на даден збор во рaмките на веста, позиционирајте го покажувачот врз истиот и кликнете два пати.
 

Интернет - каде започнува зависноста?

 

Од безизлезна забава, преку постојана навика, до вистинска зависност- цената која денешните млади генерации ја плаќаат. Долгометражните цртани се заменети со 3D филмови, видео игри, а пишувањето со писма е заменето со онлајн чет на друштвените мрежи. Се менува јазикот, се менува фантазијата, се менуваат симболите... Каде е границата од едноставното користење на компјутерот и зависноста од него?

 

интернет зависност


Развој на интернет зависноста

 

Секој вид на зависност може да се набљудува како сложен процес при кој и покрај честото консумирање на супстанцата или објектот на зависност, се создава непријатност и силна желба во нивно отсуство. Се појавува неконтролирана желба  за одредено однесување, и тенденција за постојана потрага по објектот на зависност како и негова употреба. Дали екцесивната употреба на Интернетот е форма на зависност или не? Ова прашање последната деценија е често поставувано, откако ерата на Интернетот зеде замав во светот, и употребата на Интернет ресурсите стана секојдневие на голем број луѓе. Сепак, можностите кои светската мрежа ги нуди, покрај сите позитивни страни, содржи и голем број негативни последици.

 

Првите облици на електронска зависност се јавија уште во 50-те години на 20 век, кога се појавија апаратите за игра (флиперите). Во 80-те години започна ерата на видео игрите, која кај нас траеше до половината на 90-те кога се појавија компјутерите. Подоцна се појави масовно користење на компјутерот, а се зголеми и бројот на преплатници на интернет услуги. Паралелно со развојот и ширењето на Интернет мрежата, во исто време се појавија и позитивни очекувања, но и негативни реакции. Негативните реакции воглавно се однесуваа на сè поголемата потреба за користење на Интернетот. Феноменот за сериозноста на екцесивната употреба на Интернетот најдобро го илустрира предлогот новата Американска класификација на ментални пореметувања (DSM-V) овој феномен да го стави во посебна категорија на кибернетски пореметувања. Тука, покрај зависноста од Интернетот, спаѓаа и сите форми на злоупотреба на модерните технички средства како што се мобилните телефони, компјутерите и видео игрите.

 

Зошто младите се впуштаат во друштвените мрежи и создаваат сајбер идентитет?

 

Слободата на акцијата на корисниците на Интернетот дава можност за независност, надвор од влијание на другите и доаѓање до посакуваните информации. Анонимноста и слободата на изразувањето како и можноста да се биде „сам свој газда“, на корисниците им овозможува да се претстават во различно светло, често криејќи ја реалноста, а нагласувајќи го имагинарниот, виртуелниот идентитет. Од стравот од критиките и бројните ограничувања, може да се кажат сопствените ставови и да се претстават себеси на начин на којшто тие сметаат дека треба да бидат во реалниост свет. Социјалната поддршка и интеракција се важни фактори за функционирање, а во целата основа стојат човечките потреби како што се алтруизмот и социјалната прифатеност. Токму апликациите кои служат за комуникација (Скајп, Фејсбук) престтавуваат најчесто користените Интернет програми во 21 век. Тоа зборува за желбата за комуницирање, самопретставување и донекаде, самопромоција.

 

Типови на сајбер зависност

 

Не постои јасно сложување во врска со тоа колку различни видови на Интернет зависност постојат, но некои од нив кои се наведуваат се: зависност до сајбер врска (личности кои компулсивно започнуваат нови, виртуелни врски); сајберсексуална зависност (компулсивно чување, онлајн прегледување или размена на порнографска содржина, вклучувајќи ги сите форми на интеракција); претерано пребарување на информации (интензивно „сурфање“ во потрага за информации, пребарувања на онлајн бази и чување на тие податоци; како главен мотив се наведува љубопитноста и професионалниот и непрофесионалниот интерес); играње онлајн игри; компулсивно онлајн купување; зависност од компјутерска и информативна технологија (компулсивна потреба за нова технологија, компјутери и мобилни телефони).

 

Знаци кои покажуваат зависност од интернет

 

Зависноста од интернетот се смета за пореметување на контролата на импулсот. Младата (и возрасната) личност не умее да ја контролира својата желба, и со намалена толеранција на фрустрација, повторува работи кои доведуваат до задоволување, во овој случај, поврзување со виртуелната социјална група. Времето поминато на компјутерсе смета за најверодостоен индикатор за постоење на зависноста; 4-6 часа се сметаат за симптом. Покрај тоа, постојат уште некои критериуми со кои се утврдува зависноста.  Најмалку 5 од нив, во последните година дена мораат да бидат исполнети: толеранција (сè повеќе време поминува на Интернет поради постигнување на почетното  задоволство, за кое претходно било потребно помалку време); апстиненцијален синдром (настанување со престанување или намалување на користењето на Интернетот - симптомите се анксиозност, опсеисвни мисли, преокупација со Интернетот), чувствување на умор и нервоза и иритантност кога личноста е офлајн, офлајн зависност, ризик од губење на значајни врски и професионални и образовни можности поради претераното користење на Интернетот, Интернетот се користи како бегање од проблемите и чувствотот на вина и игра улога на редуктор на стресот.

 

Како да се ослободи од зависноста

 

Во развиените земји постојат голем број работни групи во кои зависниците разменуваат искуства, зборуваат за нивните интернет визии и заедно го совладуваат проблемот. Во зависност од причината за зависност од Интернетот, се предлагаат две методи на лечење: на корисниците кои едноставно претеруваат со употребата на Интернетот без одредена причина им се препорачува упорна умереност во користењето на Интернетот и контролирање на времето поминато на Интернет, без целосно престанување на користење; а корисниците со сериозни проблеми на зависност, кај кои е забележан и психијатриско-психолошки коморбидитет, се препорачува препознавање и разбирање на основниот проблем кој стои позади проблемот на зависност, помош од родителите и познаниците, а доколку е неопходно и стручна помош. Кај најтешките облици на зависност се препорачува и дози на антидепресиви и групна терапија.

 

Некои совети како да ги спасите децата и младите од прекумерно користење на Интернетот

 

- Пред сè, покажете разбирање и овозможете поддршка. Колку и да се плашите за безбедноста на вашето дете на Интернет, немојте проблемот дополнително да го разгорувате. Вашето дете можеби не го препознава проблемот и се чувствува добро додека седи на Интернет, но тој го прави тоа за да задоволи некои потреби и да го компензира недостатокот на самодоверба, волја или депресија.

 

- Пребарувајте го Интернетот заедно со вашето дете. Дистанцирајте се од прекумерното користење на друштвени мрежи и бескорисни страни, и покажете му ја магијата на светските мрежи кои имаат интелектуални и креативни информации. Истакнете го истражувачкиот дух кај вашето дете.

 

- Запишувајте колку вашето дете користело Интернет во текот на денот, и водете евиденција.

- Воведете систем на награда - кога детето ќе успее да се воздржи од користење на Интернет, подарете му нешто. Наградите постепено нека растат, а во исто време и барањата за помалку поминати саати на интернет.

 

- Воведете систем на казна - доколку детето не го почитува договорот, нека утврди дека следи одредена санкција. Казната нека не биде преголема, туку оптимална - помалку пари, ограничено време за излегување, забрана за користење на компјутерот неколку дена.

 

- Едуцијрате го детето во врска со правилата на приватност на Интернет и можната злоупотреба, Наведете негативни примери, но и нагласете дека Интернетот може да му биде сојузник ако се користи на вистински начин и доколку служи за едукација и оптимално ниво на забава.

 
Објавено на 20.12.2012 во категорија Живот
Подготвил: Тамара Мисирлиевски
 
 

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Препорачани вести од Facebook