Лексикон: За да го видите значењето на даден збор во рaмките на веста, позиционирајте го покажувачот врз истиот и кликнете два пати.
 

Објаснување на чудни симптоми

 
Грчеви на нозете, морници... тие се само краткотрајни непријатни моменти за кои обично нема некоја посебна причина, а не оставаат ниту последици. Сепак прочитајте што овие чудни симптоми  можеби се обидуваат да ви кажат.

вртоглавица

Мала вртоглавица при нагло станување
Објаснување: Можно е да сте благо дехидрирани или можно е да имате ортостатска хипотензија (постурална хипотензија), која се јавува кога крвта брза накај нозете при нагло станување. Кон оваа состојба особено се склони луѓето со низок притисок. Пијте многу течности и станувајте полека.

Потење на рацете

Објаснување: испотените дланки се честа појава кај повеќето луѓе и се нормална реакција на стрес или напната ситуација. За да се ослободите од овој проблем, смирете се за момент и замислете си мирно место.

Грчење на нозете ноќно време
Објаснување: суптилен електролитен дисбаланс (вклучувајќи  ги и калиум, магнезиум, или калциум) исто така и блага дехидрација може да ги предизвика овие грчеви. За да се ослободите од ваквите грчеви пијте многу течности и земајте додатоци во исхраната.

Звуци во ушите
Објаснување: Зуењето во ушите кое се јавува од време на време е знак на делумно губење на слухот.

Морници низ целото тело

Објаснување: Најверојатно е моментален проблем на телото да ја регулира температурата.

Брзо чукање на срцето кога ќе се разбудите

Објаснување: Кога ќе се „штрекнете“ адреналинот ви јури низ телото и брзата реакција на телото наеднаш се вклучува , во тој момент телото добива информации како да се наоѓа во опасна или напната ситуација во која треба брзо да реагира.

Кивање
Објаснување: Кивањето е рефлексна реакција. Секогаш киваме кога околу нас има нешто што ги иритира назалните премини и со кивањето тие сакаат да се се ослободат од иритацијата
 
Објавено на 22.12.2012 во категорија Живот
Подготвил: Кристина Вељаноска / Текстот не е лекториран
 
 

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Препорачани вести од Facebook