Лексикон: За да го видите значењето на даден збор во рaмките на веста, позиционирајте го покажувачот врз истиот и кликнете два пати.
 

Љубовта и омразата се сестри

 
Иако љубовта и омразата се две сосема спротивни емоции, во човечкиот мозок тие се тесно поврзани, открива новата студија кој ја откри биолошката основа за овие две интензивни чувства.

омраза

 

Проучувајќи ја физичката природа на омразата научниците откриле дека некои од нервните кола во мозокот, одговорни за омразата се исти како оние кои се активираат при чувствувањето љубов, иако се чини дека љубовта и омразата се сосема спротивни. Студијата со помош на скенер на мозокот ги истражувала нервните кола кои се активираат кога луѓето ќе погледнат фотографија од некого кого го мразат, по што се покажало дека „нервното коло омраза“ има нешто заедничко со „нервното коло љубов“.
„Наодите би можеле да објаснат зошто двете чувства и омразата и романтичната љубов можат да резултираат со екстремно однесување- херојско или злобно “вели професорот Семир Зеки од Универзитетот од Лондон, кој ја предводи студијата.

„Омразата често се смета за зла страст која треба, во подобар свет, да се скроти, контролира и да се искорени. Сепак, за еден биолог, омразата е страст што е од подеднакв интерес како и  љубовта ", вели професорот Зеки.

„Љубовта често се смета за ирационална страст која може да доведе и до херојски но и до злобни дела. Сега се поставува прашањето како две сосема спротивни чувства можат исто да се искажуваат?“
 Во истражувањата, научниците  откриле дека нервното коло-омраза  вклучува делови од мозокот наречени путамен и инсулата, кои се наоѓаат под мозочната кора. Путаменот е веќе познат дека е вклучен во перцепцијата на презир и гадење, а исто така може да биде дел и од моторниот систем кој се вклучува при физички движења.

"Значајно е дека и путаменот и инсулата  се активираат  кога ќе се роди љубовта. Ова не е изненадувачки. Но путаменот, исто така,  е вклучен во подготовката на агресивни дејства во романтичен контекст, како и во ситуации кога постои ривал кој претставува опасност", вели професорот.

Но разликата помеѓу љубовта и омразата во биолошка смисла изгледа е во фактот дека голем дел од мозочната кора- поврзана со расудувањето и резонирањето  се деактивира додека сме заљубени, додека при омразата само мал дек е деактивиран. Значи додека мразиме подобро расудуваме и резонираме.

 
Објавено на 12.01.2013 во категорија Живот
Подготвил: Кристина Вељаноска / Текстот не е лекториран
 
 

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Препорачани вести од Facebook