Лексикон: За да го видите значењето на даден збор во рaмките на веста, позиционирајте го покажувачот врз истиот и кликнете два пати.
 

Оглас за вработување во Аџибадем Систина

 


„Аџибадем Систина медикал компани" постојано работи на зајакнување на својот тим. За таа цел има потреба од:

Координатор на банка за матични клетки (еден извршител)

Главни обврски на вработениот на оваа позиција:

Давање информации на родителите во врска со криопрезервација на матични клетки изолирани од крвта на папочната врвца;
Посета на доктори за промовирање на придобивките од криопрезервацијата на матични клетки изолирани од крвта на папочната врвца;
Склучување договори со родилишта за криопрезервација на матични клетки изолирани од крвта на папочната врвца;
Организација на трансферот на крвта од папочните врвци.

Потребни квалификации за оваа позиција:

Диплома за завршени додипломски студии во областа на здравството;
Одлично познавање на англиски јазик;
Познавање на албански јазик ќе се смета за предност;
Искуство од најмалку една година во соработка со гинеколози /акушери во Македонија;
Висока работна етика;
Способност за тимска работа, работа под притисок, почитување приоритети и крајни рокови.

Краен рок на пријавување: 11.02.2013
Апликациите (вклучувајќи CV на англиски и фотографија) треба да бидат доставени на е-пошта:
hr@acibademsistina.com.mk или по пошта на следната адреса: „Аџибадем Систина медикал компани", ул. „Скупи“ бр. 5А, 1000 Скопје.
 
Објавено на 06.02.2013 во категорија Конкурси
 
 

Препорачани вести од Facebook

Слични вести од Fakulteti.mk